Еве каде грешите кога мастурбирате!

Loading...

Што да правите ако не можете да се задоволите самите себе? Сексолозите предупредуваат на пет вообичаени грешки кога жените мастурбираат и помагаат да ги поправиме.Не брзајте
Можеби звучи како клише, но многумина треба да се потсетат на тоа дека сексот не е спорт. Што повеќе некој има цел да постигне подобри резултати во кревет, се помали се шансите да ги постигне. Ова важи и за мажите и за жените. И не само во сексот со партнерот.
Важно е да се забавувате, а не брзо да достигнете оргазам. Дозволете си себеси едноставно да уживате во моментот и не се обидувајте да ја броите секоја минута која ве одвојува до оргазмот. Во оваа игра постои само процес. Фокусирајте се на она што го чувствувате, а не на фактот дека по вашето мислење, морате нешто да почувствувате.
Чекате момент кога ќе биде време да одите во кревет
Обично одиме во кревет, не зошто имаме желба да играме со себе, туку зошто ни се спие. Поента: некогаш сте преизморени да направите нешто или да се доведете до оргазам. Секако, ноќта е погоден термин за опуштање, но никој не ви забранува да си овозможите забава и во текот на денот.
Ги заборавате Кегеловите вежби
Веќе сме зборувале за нив. Доколку ги применувате секојдневно, не треба да ви објаснуваме каква корист имате – сте сфатиле сами. Силна карлица – силен оргазам. Можете да пробате да ги комбинирате со вежби за колкови.

 
 Не си забранувајте да уживате
За жал, со векови мастурбацијата била табу тема, особено за жените. Ако забележите дека оваа тема е уште табу за вас, пробајте да се ослободите од тоа. Тоа е ваше тело и имате право да му дадете радост. Освен тоа, како ќе дознаете што сакате, а што не и што да барате од партнерот?
Вашата сексуалност секогаш зависела од партнерот
Жените не се обврзани да зависат од тоа дали нивниот партнер е добар љубовник, ако се добро свесни за своето тело и ги знаат своите ерогени зони. Мажите не се магионичари и не знаат да читаат мисли. Истражете го своето тело и поделете ги откритијата со партнерот.Не брзајте
Можеби звучи како клише, но многумина треба да се потсетат на тоа дека сексот не е спорт. Што повеќе некој има

loading...