Се разбира дека можете да ја обоите косата сами дома и да заштедите доста пари, но ако наместо платинесто руса добиете портокалова коса се ви е џабе. Ова е списокот на грешки што не смеете да ги правите при фарбањето.Се разбира дека можете да ја обоите косата сами дома и да заштедите доста пари, но ако наместо платинесто руса добиете портокалова коса се ви е џабе. Ова е списокот на грешки што не смеете да ги правите при фарбањето.
Користите нијанса што не одговара на вашиот тен: Се фарбате во боја која е над 2 нијанси посветла или потемна од косата. Ваква драстична промена бара висок степен на стручност и за да ја добиете посакуваната нијанса веројатно ќе ви бидат потребни повеќе третмани.
Очекувате дека ќе ја добиете нијансата од сликата на пакувањето: Наместо на сликата, обратете повеќе внимание на примерокот и описот на бојата: топла/ладна.
Ја оставате бојата да отстои предолго: За да бидете сигурни дека ќе ја исплакнете косата на вре,е вклучете го алармот. Оставањето на бојата да отстои предолго ја оштетува косата.
Ја плакнете косата во мијалникот: Мијалниците немаат доволен притисок, заради што бојата не може темелно да се измие и хемикалиите остануваат на главата. Косата треба темелно да ја исплакнете во када.
Не се држите до упатството: Ако направите промена и купите боја од друг производител или само друга нијанса од истиот производител, задолжително прочитајте го упатството и држете се до него.
Купувате премалку боја: Секогаш купувајте две кутии боја за да не ви снема за време на фарбањето, а особено ако имате долга и густа коса.
Фарбате седа коса со полутрајна боја. Ако повеќе од половина од влакната ви се седи, користете трајна боја бидејќи полутрајна нема добро да ги прекрие.
Се фарбате сами: Предниот дел можете добро да го обоите сами, но за косата одзади потребна ви е помош бидејќи тој дел не го гледате и се фарбате на слепо. Замолете пријател или член на семејството да ви помогне.
Користите тон на боја што не одговара на вашиот тен: Постојат два основни тонови на боја: топли и ладни. Ако ви се чини дека изгледате уморно, дека тенот ви е жолтеникав или блед, дека лицето ви е црвенкасто, или дека по него имате дамки, веројатно користите тон на боја што не одговара на вашиот тен. На жените кои лесно поцрвенуваат и горат на сонце подобро им стојат ладни тонови, бидејќи топлите ќе го истакнат црвенилото на кожата. Оние пак кои лесно поцрнуваат би требало да користат потопли тонови, како медена, карамел, бронзени и златни тонови.Се разбира дека можете да ја обоите косата сами дома и да заштедите доста пари, но ако наместо платинесто руса добиете портокалова коса се ви е џаб