Мапата на светот направена врз основа на популацијата во одредени земји, некои држави ги има намалено, а некои останале еднакви. Но, постојат и оние кои многу се зголемиле.Имено, новиот картограм кој го креирал корисникот со име TeaDranks на Редит, видливо ги споредува сите држави на светот и нивната населеност.
Така, САД и Велика Британија останале со иста големина.
Но, некои, посебно Индија – пораснале според бројот на жители. Имено, Индија сега бележи готово 1,3 милијарда жители, пренесе Daily Mail.
Државите кои имаат мал број жители по квадратен метар, вклучувајќи ги Канада, Австралија и Русија, видно се намалиле на мапата.
Кина, која има 1,4 милијарда жители, многу се има проширено, а додека Фиџи со 859.000, Исланд со 328.000 и Малта со 416.000 жители, веќе се наоѓаат на едно квадратче на картограмот.
Државите со помалку од 250.000 жители, како што е Гренланд, се премногу мали за да се најдат на мапата.
Оваа карта е најнова верзија, која пред 10 години ја објави истиот корисник.
Оттогаш, Индија се зголемила за готово 200 милиони жители, а Кина за 60 милиони.
Австралија пак, за разлика од 2005 година, ја зголеми својата популација за повеќе од 3 милиони жители.
Обидете се да видите колкав е квадратот на Македонија.
За поголема верзија, одете на следниот ЛИНКИмено, новиот картограм кој го креирал корисникот со име TeaDranks на Редит, видливо ги споредува сите држави на светот и нивната населеност.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.