Постојат периоди од животот кога без разлика дали станува збор за органска или за психолошка природа настанува недостаток на желба за секс кај жената. Еден од тие периоди е периодот откако на свет ќе го донесете вашето малечко.Понекогаш недостатокот на желбата за секс е сосема нормална и очекувана појава која што со текот на времето ќе биде надмината. Но, тоа не значи дека не треба да продолжите да бидете блиски и интимни со вашиот партнер. Постојат многу начини како да бидете интимни без да се впуштате во сексуален чин.
Понекогаш е доволно едноставно да лежите еден до друг, гледајќи се во лице во лице. Молчете и дишете. Синхринизирајте ги вдишувањата и постигнете неверојатна поврзаност.
Бакнувајте се како никогаш да не сте се бакнале претходно. Потсетете се колку биле убави, долги и возбудувачки бакнежите на почетокот од врската. Ако сте се чувствувале прекрасно тогаш исто така можете да се чувствувате и сега-верувајте ништо не се променило.
Кога гледате телевизија не заборавајте да се држите за рака. Но не само да ги држите дланките на партнерот. Зачинете го моментот со нежни милувања и шепотења. Романтиката никогаш не изумира.
Иако перницата секогаш е најудобна за спиење, сепак одвреме навреме отпуштете се на потпирајќи ја главата на рамото на вашиот партнер. Тоа може да биде навистина зближувачки и релаксирачки момент и за двајцата.Понекогаш недостатокот на желбата за секс е сосема нормална и очекувана појава која што со текот на времето ќе биде надмината. Но, тоа не значи дек