Еве како да ги избегнете инфекциите доколку сакате да се капете во базен

Пливањето во базен може да биде вистинско уживање, но и место на кое многу лесно и бргу може да се шират разни инфекции. Затоа ви нудиме совети како да се заштитите од начестите инфекции на базен?Водата во базените е хлорирана толку што тешко може да се добијат инфекции за време на самото пливање, иако постојат некои микроорганизми отпорни на хлор кои може да преставуваат проблем.
Она на кое најмногу треба да му обренме внимание се соблекувалните, тоалетите и туш-кабините, бидејќи микроорганизмите таму најчесто се задржуваат.
1. Пливачко уво
На базен може да дојде до воспаление на надворешното уво, кое уште се нарекува пливачко уво. На пливачите им се советува по излегувањето од базен да стават антисептик капки во уво, а на сите останати им се советува да не користат стапчиња за уши.
Совет: Немојте да користите стапчиња за уши!
2. Инфекција на очите
Една од најчестите летни инфекции на очите е коњуктивитисот. Затоа најважно е да нуркате со затворени очи, а за секој случај имајте дома капки против инфекција на очите.
Совет: Не гледајте под вода додека нуркате во базенот!
3. Уринарни инфекции
Ако сте пдложни на уринарни инфекции добро е вечерта пред да одите на базен да испиете две таблети уроантисептик. Симптомите за уринарна инфекција се често и болно мокрење, мала количина на урина, болка и чувство на неиспразнет мочен меур. За жените е многу важно по капењето да го сменат костумот за капење, бидејќи влажниот материјал  идеален за развој на бројни инфекции.
Совет: Немојте да седите на водена крпа и во воден костум за капење!

4. Атлетско стапало
Најчестата инфекција на кожата која што може да се добие на базен е габичната инфекција на стопалото, позната како атлетско стопало. За да се спречи појавата на атлетско стопало неопходно е да се помине низ санитарната зона пред да се влезе во базенот, да се изврши дезинфекција на пластичните обувки кои ќе ги користиме при тушрање и при движење околу базенот и во соблекувалните. Исто така многу е важно да се тушираме пред и по излегувањето од базен.
Совет: Купете квалитетни папучи и гледајте стопалата да ви бидат суви!

5. Инфекции на кожата
При капењето во базен поради прекумерната употреба на хлор може да дојде до иритација на кожата и појава на сува кожа и алергии кај оние со осетлива кожа. Може да дојде и до промена на бојата на косата, која поради хлорот може да добие зеленкаста нијанса.
Совет: Туширајте се пред и по излегувањето од базен. Ако почувствувате некои тегоби после одењето на базен, јавете се на лекар!Водата во базените е хлорирана толку што тешко може да се добијат инфекции за време на самото пливање, иако постојат некои микроорганизми отпорни н

Пронајдете не на следниве мрежи: