Еве како да ги спречите болките кои ги имате за време на сексот!

Постојано чувствувате болка за време на сексот? Постојат начини на кои може да ги спречите, независно дали се работи од неискуство, недоволна складност, големина на пенис или вагина и слично.Болка при пенетрација
Како за мажите, така и за жените, болката при пенетрација не мора да постои, но сепак може да се појави, а за да ја намалите замолете го партнерот да биде побавен и понежен или пак побарајте пауза, а потоа повторно фрлете се на работа.
 Болка во вагината
Може да настане од недоволна влажност на вагината која се подобрува со лубриканти кои ќе го намалат триењето кое ја предизвикува болката.
Исто така може да се работи и за болка од големината на пенисот на вашиот партнер. Во тој случај сексот секогаш започнувајте го со долга предигра и орално задоволување.
Болка во пенисот
Може да настане од долг секс, или пак од триење на sидовите на вагината на вашата партнерка, решението е едноставно, сексот поделете го на повеќе партии, а за намалување на триењето користете кондом и лубриканти кои наместо да предизвикуваат триење, ќе ви овозможат лесно лизгање низ вагината.

Болка на аналниот отвор
Ако практикувате анален секс без лубриканти, болката е неизбежна, но доколку употребите на пример вазелин, таа ќе се намали до минимум.
Исто така можно е да чувствувате болка или печење околу аналниот отвор после првиот однос бидејќи со тоа можеби сте извадиле некоја бактерија на површина која ви предизвикува непријатно чувство. Решение е редовната хигиена секој пат кога имате анален секс.
 Болка при свршување
Жените немаат ваков проблем, но мажите може да се соочат со него ако свршувањето во една вечер им се случило повеќе пати. Дали ќе ја прекинете болката или не изборот е ваш, а веќе го знаете решението.
Доколку болката продолжи и после примена на овие совети, можеби се работи за инфекција или бактерија за која треба да се обратите на гениколог или уролог.
 Болка при пенетрација
Како за мажите, така и за жените, болката при пенетрација не мора да постои, но сепак може да се пој

Пронајдете не на следниве мрежи: