Еве како да ги спречите: Секој хороскопски знак е склон кон неверство, но различни се причините…

Еве како да ги спречите: Секој хороскопски знак е склон кон неверство, но различни се причините…Овен
Ако Овенот се одлучи на неверство, причината за тоа најверојатно ќе биде недостаток на возбудување во врската. На Овните им треба некој кој ќе го издржи нивното брзо темпо. На неговото его секогаш му е потребно внимение, па затоа се трудат да бидат среќни а вие треба да им посветувате големо физичко внимание.
Бик
Бикот е многу верен знак, а ќе се одлучи на неверство само ако се сомнева дека партнерот го изневерува. Изразено е сензуален и лесно може да го привлече нечија сензуалност.  За да го спречите тоа покажете му колку ви е важен на физички и емотивен план.
Близнаци
На немирните близнаци им е потребна интелектуална стимулација за да останат поврзани со својот партнер и затоа немојте да дозволите конверзацијата да запре. Ако близнаците се неверни тогаш тоа е емотивна афера не физичка, или се неверни преку интернет па се останува само на ментално неверство.

 
Рак
Слаткиот, емотивен рак тешко се одлучува на неверство- освен ако не  е пречувствителен. Ниско ниво на самодоверба инаку е една од причините поради која тие се неверни и така си го зајакнуваат егото. Ако забележите дека не се чувствуваат сакано или се пречувствителни уверете го дека ви е важен и покажете му љубов на сите можни начини.
Лав
И на лавот како и на овенот му се потребни драма и возбудување. Покрај тоа сака да биде во центарот на вниманието и да биде најдобар во се што прави. Научете неколку секси трикови и покажете колку ви е убаво со нив. Ако ве изневери немојте да се изненадите што одбрал млада- ги привлекува енегријата на младоста.
Девица
Понекогаш знаат да бидат престроги кон себе и затоа најчесто остануваат верни. Но ако не и давате внимание или сте премногу критични настроени кон неа таа може да бара некој нов.

 
Вага
Овој знак е избалансиран и чесен и сериозно ги сфаќа обврските, па неверството е малку веројатно. Сепак сакаат да се дружат и да флертуваат, па ако флертот може да помине во следен стадиум тогаш изневеруваат. А ако од вас има пријателство и љубов тогаш не е можно неверство.
Скорпија
Скорпијата е мрачна, мистериозна и страствена, па често се поврзува со неверство, но таа е иста како и сите знаци. Најчесто ги обвинуваат за неверство но често грешат. Тие се верни кога сите нивни физички желби се задоволени.
Стрелец
Стрелците сакаат внимание и авантура- а тоа се однесува и во спалната соба. Тие сакат постојано нешто ново и сакаат да се во постојано движење, па тешко се обврзуваат, а кога ќе одлучат тогаш го сфаќаат многу сериозно. Ако внесувате новитети во спалната нема зошто да се грижите.

 
Јарец
Смирените и ладните Јарци најчесто се верни, затоа што се дисциплинирани и знаат да запрат кога треба- дури и кога искушението е преголемо. Но, Јарците бараат почит и восхит од својот партнер, па ако забележат дека не го добиваат, нема да бидат така дисциплинирани. Инаку Јарецот е чесен, па во повеќе случаи прво раскинуваат па потоа стапуваат во нов однос.
Водолија
Водолијата е најромантичен хороскопски знак и потребно и е да почувствува дека партнерот ја сака и му е важна. Од друга страна Водолиите ги привлекуваат нови идеи и изуми до таа мера што може да го запостават партнерот и да се разбудат дури кога тој ќе ги изневери. Водолијата е најнепредвидлив знак па ако и вие бидете еднакво непредвидливи таа ќе биде заинтересирана.
Риби
Рибите се сонувачи и имаат голема фантазија па така цело време веруваат во бајковите љубов до крајот на животот. Сепак, потребата за ваква љубовна магија може да направи тие да не се чувствуваат убаво во врската, па може да бараат нешто ан страна. Дајте се од себе да им пружите таква љубов. Овен
Ако Овенот се одлучи на неверство, причината за тоа најверојатно ќе биде недостаток на возбудување во врската. На Овните им треба неко

Пронајдете не на следниве мрежи: