Еве како да го организирате совршениот роденден за вашето дете

 
Секој родител се соочува со маките да ја направи најдобрата забава за роденденот на своето дете. Дури и оние што имале среќа да се во врска со генијален планер на забави, сепак се соочуваат со проблеми кога станува збор за совршената забава. Иако клучот е во подготовката, сепак не треба да се потресувате ако не сте најспособниот родител на светот. Еве како да си поминете лесно и без голем трошок.
  
-Пресметајте го времето и трошокот
Пред да се занесете со идеите за најдобрата журка што сте сакале, но никогаш не сте ја доживеале како мали, пресметајте колку време и пари сте спремни да вложите во забавата. Ако изнајмувањето на игротека ви е прескапо, домашната забава е најдобрата опција. Многу од предметите што се користат на забавите, како балони и конфети, воопшто не се скапи. Ако просторот е проблем, најдобро е да ја направите забавата во дворот.

-Направете тематска забава
Овде може да ви помогне вашето дете. Ако тоа сака фудбал, можете да направите и мал натпревар за најмладите. Децата меѓу 3 и 5 години најмногу сакаат балончиња, гумени мечиња и дување на меурчиња, а едно истражување покажало дека од 6 до 8 години децата имаат топ три омилени теми, а тоа се принцези, пирати и филмскиот јунак Хери Потер.
-Поканете ги пријателите навреме
Ова можеби е најважниот совет. Ништо не ја упропастува забавата како посетеност со 25% од поканетите гости, па затоа важно е да ги пратите поканите порано. Најдоброто време за испраќање на покани е 2 недели пред планираната забава. Бидејќи ја надминавме ерата на испраќање покани во поштенското сандаче, електронската пошта е одлична идеја. Не заборавајте во поканата да напоменете ако забавата е тематска, а добра идеја е и да побарате да ве известат ако нивните деца се алергични на некоја од состојките во храната што планирате да ја послужите.
  
-Пресметајте го времето и трошокот
Пред да се занесете со идеите за најдобрата журка што сте сакале, но никогаш не сте ја до

Пронајдете не на следниве мрежи: