Еве како да препознаете сомнителен ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ!

Дали некогаш сте размилсувале за тоа кои се мотивите на луѓето кои се наоѓаат зад огласите за вработување? Наместо да добиете работа, можете да се вовлечете во големи проблеми.Ситуациите во кои луѓето ќе се согласат на многу работи, кои во нормални околности не би ги направиле  често ги искористуваат криминалците кои знаат како да заработат на невработените лица, поставувајќи огласи за работни места, кои всушност не се тоа. Зад нив се кријат „шеми“, преку кои се навлекуваат луѓето. Иако медиумите пренесуваат сведоштва на луѓе кои наседнале на вакви измами од лажни работодавци, ситуацијата сè уште е далеку од подобрена.
Ова се примери за сомнителни огласи на кои треба да внимавате:
Голема заработка за кратко време
Ако во огласот ветуваат дека за кратко време ќе заработите многу пари, можете да претпоставите дека се работи за измама. Често во лажните огласи се нуди да работите само неколку часа на ден и тоа од дома. Треба да знаете: Никој не се збогатил преку ноќ.
Не се бараат посебни вештини
Во секој оглас за работа, работодавецот ќе наведе кои вештини или степен на образование треба да го имате со цел да можете да ги извршувате своите работни обврски. Но сомнителните огласи ја немаат таа компонента бидејќи нивната цел е на огласот да се пријават што повеќе луѓе, а тоа ги вклучува и оние кои немаат вештини, ниту образование. На нив им е сеедно кои се вашите способности, а причината за тоа е дека не ви нудат работа, него сакаат да ве измамат.
„Итно“ барам
Во сомнителните огласи за вработување може да се нагласи итноста за пронаоѓање на личност која работодавецот има потреба да ја вработи. Со тоа измамниците ги мамат невработените што побрзо да се пријават за работа без размислување и проверка на компанијата.
Треба да дадете пари за да ве вработат
Поентата на вработувањето е да добиете плата, а не вие да му давате на некого пари. Во такви огласи дефинитивно треба да се посомневате, бидејќи во пракса постојат премногу примери на луѓе кои наседнале на приказните на таквите “работодавци“ кои од нив барале пример, да им дадат пари за опрема со цел да почнат некој бизнис, тие луѓе секогаш остануваат без своите средства, а „работодавецот“ веќе не им се јавува, ниту пак има било каков начин да го пронајдат.
Работата која се нуди не е јасно дефинирана
Ако од самиот оглас не ви е јасно што треба да работите, тогаш тоа треба да го проверите откако ќе контактирате со работодавецот. Токму нејасните информации за работното место знаат да се појават во лажните огласи. Сепак, тоа не треба да значи дека огласот е лажен, бидејќи понекогаш и вистинските работодавци не знаат доволно добро да дефинираат што би требало да правите на работното место.
Не е потребно интервју за работа
Работа вообичаено се добива со селекција на кандидати по пат на интервјуа. Па така веднаш посомневајте се во постоењето на тоа работно место ако веднаш ви го нудат, пред да им се претставите кои сте.

 

Неможност да се провери работодавецот
Ако никогаш не сте чуле за компанијата која нуди одредена работа, потребно е да проверите во централниот регистар дали таа воопшто постои. Еден од начините е да ја посетите нивната веб-страна, со цел да видите како работи и дали има препораки. Во случај ако немаат, би требало да се запрашате дали воопшто таа постои. Заедно со тоа, искористете ги веб-пребарувачите со цел да дознаете дали некој воопшто некогаш напишал нешто за неа, можеби нема да сретнете ништо, или пак може ќе наидете на некој лош коментар од луѓето кои се веќе измамени.
Работа во странство
Агенциите кои само изгледаат дека се легални може да се оние кои нудат работа во ресторани, хотели, фабрики, домаќинства и фарми, агенции за манекенки или за договорање на бракови и туристички агенции. Кај таквите огласи потребно е дополнително да си ги отворите очите, бидејќи лажните работодавци на таквите агенции може всушност се занимаваат со тргување на луѓе. Тие ќе ви ги земат документите, убедувајќи ве дека тоа е поради ваша сигурност. Тогаш станувате жртви без идентитет, односно можат да ве продаваат и купуваат како стока.
Како да се заштитите од лажните огласи за работа?
Еве неколку совети кои би требало да ги користите со цел да се заштитите од измамници:
– Остварете контакт со работодавачите, распрашајте се околу нивното работење и препораките
– Направете истрага за работодавецот, користете ги достапните извори при собирање на податоци
– Разговарајте со работодавецот за условите при вработувањето, заработката, плаќањето
– Побарајте примерок и појаснување на договорот за вработување
– Не дозволувајте други личности да ги решаваат вашите административни прашања во врска со вработувањето
– Совладајте ги основите на странскиот јазик во случај да треба да работите надвор од Македонија
– Направете копија од своите документи за идентификација
– Пасошот давајте го на увид само на овластени лица
Многу огласи всушност се чинат многу доверливи и легитимни, но тие кои главно не се, ги содржат овие карактеристики по кои можете да ги препознаете. Сепак треба да имате на ум дека оние кои ги пуштаат овие огласи се многу итри и вешти и дека знаат како да ве изманипулираат, а со текот на времето и нивните техники се усовршуваат.Ситуациите во кои луѓето ќе се согласат на многу работи, кои во нормални околности не би ги направиле  често ги искористуваат криминалците кои

Пронајдете не на следниве мрежи: