Иако нашите тела се навикнати на врели и жешки лета на овие поднебја сепак потребно е да превземете мерки за да не си го загрозите здравјето.Топлотниот бран е речиси низ цела Европа, но и во многу земји, каде што луѓето не се навикнати да тропска клима, топлината може да предизвика големи проблеми. Сепак, колку и да сме навикнати на топло лето во овој регион, треба да знаеме како да се заштитиме себеси, за да не колабрираме.
Консумирајте повеќе течности
Без течност телото не може да функционира нормално. За да може телото да финкционира нормално на овие високи температури, треба да пиете доволно количество на течност, треба да пиете доволно вода, но не и сокови збогатени со шеќери и вештачки засладувачи, кои уште повеќе стимулираат жед. Ако имате проблеми со исклучително нагласено потење пијте спортски пијалаци збогатени со електролити. Но, секогаш прв извор на хидратација треба да ви биде обичната вода.
Секогаш да циркулира воздухот во просторијата
Ако немате клима уред во просторот за живеење, може да ви послужи и обичен вентилаторот. Без оглед на тоа дали станува збор за мал, голем или пак тавански вентилатор, тој ќе ви овозможи циркулација на воздухот, и со тоа тој станува поладен од „статичниот“ воздух. Земете во предвид воздухот од вентилаторот никако не смее да дува директно кон вас.
Носете облека изработена од природни материјали
Природните материјали како лен и памук ќе и овозможи на кожата да дише полесно. Бидејќи во синтетичка облека топлината можете да ја почувствувате многу поинтензивно бидејќи таа се „задржува“ помеѓу ткаенината и кожата.
Не носете црна облека
Црното е елегантно, и дури ако постојано ја носите таа боја морате да направите исклучок и црната облека да ја ставите во позадина поради здравјето и комоцијата. Немојте да бидете соларен панел, туку носете посветли бои што нема да бидат мамка за силното сонце.
Никаде без крема за сончање
Иако имате подлога затоа што веќе сте поцрнети, доколку поминувате време на отворено на кожата која е изложена на сонце, нанесете крема за сончање за да се заштитате себе си од штетните UVA и UVB зраци.
ВАЖНО:
Ако ви се случи да дехидрирате, подоцна пиење големи количини на вода нема да ви помогне, затоа што телото изгубило електролити. Потребно е водата да ставите малку сол и да пиете по неколку голтки на секои пет минути, се додека телото не ја поврати потребната течност, а потоа треба да изедете некое сочно овошје како што е лубеницата.Топлотниот бран е речиси низ цела Европа, но и во многу земји, каде што луѓето не се навикнати да тропска клима, топлината може да предизвика голем



