Без разлика дали сте во канцеларија, дома, во кафуле или на некое друго место, сигурно почесто лаптопот го носите секогаш со вас. Преносниот компјутер ви овозможува да останете во контакт и да си ја вршите својата работа независно од тоа каде се наоѓате.Од друга страна, пак, поради тоа што лаптопите ги носиме насекаде со нас, овие уреди се ранливи на кражба или загуба. Гартнер неодамна пресмета дека на секои 53 секунди се губи по еден лаптоп. Се разбира, никој не сака да загуби лаптоп, но и никој не е осигуран дека тоа нема да му се случи. Постојат некои работи што можете да направите за да го намалите ризикот и да се заштитите од потенцијалните лоши последици при губењето на вашиот лаптоп.
Прочитајте неколку совети за тоа како да ги намалите негативните последици ако го изгубите лаптопот.
1. Поставување на лозинка со автоматско заклучување
Првиот чекор за заштита на вашиот лаптоп треба да биде поставување на лозинка за заштита на Вашиот уред. Иако ова нема да ве заштити од хакерите кои можат да го отстранат хард дискот од вашиот лаптоп и да добијат директен пристап до вашите податоци, лозинката е пречка против малициозните личности кои имаат само неколку минутен пристап до лаптопот и чија цел им е да го заразат системот со малициозен софтвер.
2. Енкрипција на хард диск
Најлесен начин да си гарантирате дека податоците на вашиот лаптоп се заштитени е да користите услуги за целосна енкрипција, како што се FileVault (Mac OS X) или BitLocker (Windows).
3. Синхронизирање на сите важни фајлови
Загубата на вашиот лаптоп секогаш е неочекуван настан, а најголемата загуба често се локално зачуваните датотеки од кои имате потреба. Затоа е императив да ги синхронизирате сите ваши документи и датотеки. Тоа може лесно да се постигне со една од многуте облачни услуги како Dropbox, Box и OneDrive.
4. Редовно архивирање на целиот хард диск
Дури и да ги синхронизирате сите ваши фајлови, сепак морате редовно да правите архива на целиот хард диск. Ова ќе ви даде дополнително спокојство дека сите ваши податоци се безбедни, вклучувајќи го и инсталираниот софтвер, папки, датотеки. Покрај тоа, архивата ја чува и целата конфигурација и подесувањата коишто можат да ви помогнат да се вратите на својата вообичаена работа многу побрзо. Корисниците на Mac можат да ги искористат предностите на услугата на Apple Time Machine, додека Windows корисниците имаат повеќе опции, од кои една е Acronis True Image.
5. Оставете белешка „ Ве молам вратете ми го лаптопот“
Ако го изгубите ненамерно лаптопот и тој биде пронајден од добронамерни луѓе, тие сигурно ќе бараат начин да ви вратат уредот. За да им олесните може, да им оставите информации како адреса на вашата канцеларија, телефонски број или е-маил на екранот или да се испечатите налепница која ќе ја прикачите одоздола на уредот.
6. Далечинско следење и бришење на податоците
Друго мудро нешто што може да се направи е да инсталирате софтвер како Prey или LoJack на уредот за далечинско следење. Овие програми ви дозволуваат да ја следите локацијата на Вашиот украден уред, далечникси да праќате аларм или порака, или дури далечински да ги избришете податоците од уредот.Од друга страна, пак, поради тоа што лаптопите ги носиме насекаде со нас, овие уреди се ранливи на кражба или загуба. Гартнер неодамна пресмета дек