Како да станете вистински Македонец1. Свирнете два пати кога со автомобилот си заминувате од куќата каде сте биле на гости.
2. Додадете БЕ во секоја своја реченица! БЕ е универзален и често користен збор во македонскиот јазик. Не значи ништо а многу додава, особено на емотивен план. Пример: „Тргни се БЕ идиоту!“ или „Ајде БЕ не се занесувај, дојди со нас“ и сл.
3. Снаата никако не смее да биде во добар однос со свекрвата. Колку и да се согласувате ќе мора да најдете некоја „рачка“ за да се замразите.
4. Луѓето поздравувајте ги така што три пати ќе ги бакнете во образ.
5 Купете голем црковен календар и закачете го на ѕидот во кујната.
6. Барем еднаш неделно јадете бурек со јогурт.
7. Нарачајте РАКИЈА за појадок! Нормално заедно со турско кафе. Овој ритуал се пренесува од колено на колено.
8. Јадете леб со се – супа, месо, компир, тестенини, зеленчук, качамак…Особено се препорачува да се „фрлите“ на леб од бело брашно.
9. На своето куче ставете му име Шарко.
10. Почнете да одите во теретана! Тие мускули одлично ќе ви дојдат во 8 часот наутро кога ќе стоите на една нога потпрени на шипката од гратскиот автобус.
11. Кога и да ве погоди некоја песна, веднаш дигнете ги рацете во воздух и викајте!
12. Кога некој ќе се обиде да отвори прозор во автобус, веднаш опцујте го и развикајте му се да затвори. Сите Македонци знаат дека ако ги фати провев тоа е „смртоносна“ болка.
13. Кога разговарате со роднините од дијаспората преку телефон, дерете се од петни жили.
14. Направете си специјален фолдер во компјутер во кој ќе ги сместите најголемите турбо фолк хитови.
15. Чувајте го ручекот од претходниот ден во канче од крем, сладолед или павлака.1. Свирнете два пати кога со автомобилот си заминувате од куќата каде сте биле на гости.
2. Додадете БЕ во секоја своја реченица! БЕ е унив



