Еве како Хилари Клинтон го имитира Путин

Објаснувајќи ѝ на публиката во Конгресниот центар во Винипег како ја гледа разликата меѓу начинот на кој се избираат политичарите во САД и во „останатите земји“ (читај Русија, додава „Еј-Би-Си њуз“), Хилари Клинтон се шегувала со Путин, така што го одглуми неговиот замислен дијалог со самиот себе додека е на функцијата премиер и одлучува да се кандидира за претседател.„Замислете како си вели себе си:
– Владимире, мислиш ли дека би сакал повторно да бидеш претседател?
– Мислам дека би сакал, да.
– Па, зошто не одиш да го направиш тоа, а на Дмитри (Медведев, во тој момент претседател на Русија) кажи му дека може да биде… премиер.
Одлична идеја, одглумила Хилари додавајќи: „Но, ние имаме избори, да“.
Путин и Клинтон никогаш не го криеја меѓусебниот анимозитет, констатира „Еј-Би-Си њуз“. Путин во јуни на француска телевизија изјави дека Хилари Клинтон никогаш не била слатка во своите изјави, но дека е подобро човек да не се расправа со жена. Претходно таа за него рече дека се однесува како да се наоѓа во училиштен двор на основно училиште.
Погледнете го видеото на следната страна

„Замислете како си вели себе си:
– Владимире, мислиш ли дека би сакал повторно да бидеш претседател?
– Мислам дека би сакал,

Пронајдете не на следниве мрежи: