Еве како изгледаше скромната венчавка на Гога Секулиќ и 15 години помладиот сопруг Урош Домановиќ!

Српската пејачка Гога Секулиќ со нетрпение чека да стане мајка и едвај чека да го добие својот наследник, пренесуваат српските медиуми.Веста која пред неколку дена исплива во јавноста дека Гога Секулиќ тајно се омажила со своето 15 години помладо момче Урош Домановиќ е потврдена, а скромната церемонија се одржала во Цирих.
Парот по секоја цена сакаше да ги избегне медиумите, па затоа се одлучиле да се венчаат во Швајцарија, а на свадбата биле поканети само семејствата и кумовите.
-Тие набрзина се договорија да се венчаат, неодамна прославија половина година од нивната врска и тогаш се одлучија да ја крунисаат со брак. Двајцата се преселени во Цирих веќе некое време и сметаат дека веќе нема време за чекање – вели близок пријател на парот, додека пак пејачката ги отфрли сите можни шпекулации дека е бремена.
-Гога не е сѐ уште бремена, но таа и Урош сѐ почесто зборуваат за деца. Таа има 37 години и време ѝ е да роди дете. Едвај чека да стане мајка, а и тој сака да стане татко – тврди близок пријател на Гога.Веста која пред неколку дена исплива во јавноста дека Гога Секулиќ тајно се омажила со своето 15 години помладо момче Урош Домановиќ е потврдена, а

Пронајдете не на следниве мрежи: