Граѓаните наместо да чекаат ред пред билетарниците ќе може да ги надополнуваат електронските картички и од дома преку интернет, најави директорот на ЈСП, Игор Јанушев како дел од новините со кои би се отстраниле недостатоците во електронската наплата во автобусите. Се работи на системот чија изработка е при крај, а овој систем ќе дава и преглед во однос на тоа колку средства имате оставено и како сте ги користеле, рече Јанушев. Додаде дека од 1 февруари нема да има зголемување на цените и нов тарифен систем.
Освен оваа новина Јанушев најави и дека ќе се отстрани активацијата на услугата за плаќање со мобилен, а ќе се отворат и нови продажни места.Плаќањето со мобилен е во пораст. Напомена дека во 2016 имало 3.030 успешни трансакции, а во првите 25 дена од јануари има околу 2.000 трансакции.
– Имаме значителна бројка на неуспешни трансакции, односно кога корисникот пробал да плати со мобилен, а претходно не ја активирал услугата. За да им излеземе во пресрет на граѓаните и бидејќи увидовме дека ова е проблем, веќе постигнавме договор со фирмата која го одржува системот да се тргне активацијата на услугата и корисникот да може да плати само со повикување на телефонскиот број 185, рече Јанушев. Се работи на системот чија изработка е при крај, а овој систем ќе дава и преглед во однос на тоа колку средства имате оставено и како сте ги