Една од работите кои можат многу да ги изнервираат луѓето е бавната интернет врска, посебно ако работата зависи од тоа.Пред гневно да го зграпчите телефонот и да повикате оператор, направете дел од овие чекори за да утврдите сами во што е проблемот.
Една од честите причини зошто интернетот е бавен е бидејќи некој друг го користи истовремено.
На пример, ако имате едноставна шифра или воопшто ја немате, постои голема можност дека некој од соседите да го користи вашиот интернет, што може многу да го успори.
Исто така, бројот на уреди кои се споени на интернет преку еден рутер, можат да го успорат интернетот.
Ако неколку лица се споени на wi-fi истовремено, па уште еден или повеќе компјутери, помал уред и слично, не е ни чудо што врската е бавна.
Уште една од причините може да биде и дефект во рутерот, а во тој случај треба да повикате стручно лице за кого ова е рутинска ситуација и брзо ќе ви понуди решение.
Корисничките служби можат да ви дадат информација колку уреди/лица се споени на вашата интернет врска, па можете да ги прашате дали некој ви краде нет, да смените или поставите шифра/заштита.
Меѓутоа, пред да почнете да ги обвинувате соседите, проверете ја јачината на сигналот во одреден дел од просторијата.
Можеби веќе сте доживеале во една просторија интернет врската совршено да функционира, а во друга сигналот да се губи или сѐ е побавно.
Постојат повеќе апликации кои помагаат да ја утврдите јачината на сигналот во одреден дел од куќата или просторијата, а меѓу нив е и „HeatMapper“.
Апликацијата ќе ви покаже каде е најповолно да го сместите компјутерот, а каде не е.Пред гневно да го зграпчите телефонот и да повикате оператор, направете дел од овие чекори за да утврдите сами во што е проблемот.
Една од