Се превртувате, се потите, ги туркате чаршафите и се обидувате да го најдете „најстуденото место“… Ова е вообичаено за сите за време на летните горештини кога просто не можеме око да склопиме затоа што температурите се високи…И како што растат температурите така се повеќе расте и несоницата!
Иако можеби ви се чини дека сонцето е најголем проблем, сепак тоа не е така. Главен виновник за тоа што неможете да заспиете навечер е влажноста на воздухот. Високот ниво на влажност во воздухот не дозволува да се испотите, поради што се чувствувате неудобно и постојано сте будни.
Еве неколку совети што можете да направите и да си помогнете себе си да заспиете кога надвор температурите се над 40 степени!
Носете памучна облека и користете памучна постелнина
Другите материјали како што се сатенот, свилата и полиестерот нема да ви помогнат за да се изладите кога е премногу топло. Памукот е лесен материјал и дозволува воздухот да циркулира, па е најдобриот материјал за постелнина и за ноќна облека.
Земете шише
Слично како што зиме можете да го наполните шишето со топла вода за да се стоплите, во лето можете да ставите ладна вода и да ја ставите во ладилникот. Ставете го шишето на стопалата за да се изладите.
Купете вентилатор
Иако ова веќе го знаете, но мора да се напомене дека вентилаторот ќе ви помогне да се оладите само ако правилно го наместите. Наместо да го поставите да ви дува во лице, насочете го кон прозорецот за да го „издува“ топлиот воздух надвор.
Хидрирајте се
Оставете чаша вода на вашата ноќна масичка. Звучи едноставно, но големото количество вода може да ви помогне да се оладите за време на врелите ноќи.
Ладен туш
Намалете ја вашата телесна температура со студен туш пред да си легнете.
Подалеку од шпоретот
Обидете се храната да ја конзумирате на собна температура или студена, прво заради подобро варење на храната, но и за да ја намaлите горештината во вашиот дом доцна навечер. Ако навистина сакате топла вечера, тогаш користете скара.
Исклучете се’!
За да го намалите нивото на топлиот воздух во вашиот дома секогаш гаснете ги светилките и малите уреди. Ем ќе се оладите, ем ќе ги намалите сметките за струја!И како што растат температурите така се повеќе расте и несоницата!
Иако можеби ви се чини дека сонцето е најголем проблем, сепак тоа не е т