Еве како мајчинството ве менува…

Мајки, запознајте ја новата во вас1. Не ги осудувате другите родители
Се сеќавате кога им упатувавте убиствени погледи на родителите чии деца се растрчуваа низ продавница? Па, сега кога ги искусивте неуспешните обиди да го спречите вашето дете да писка и да трча низ ресторан, веројатно се чувствувате виновни што воопшто некогаш сте ги осудувале останатите родители.
2. Повторно се радувате на обичаите
Ако бевте од оние жени кои велат, „Јас не практикувам да се маскирам за 1-ви април.“, работите се менуваат кога имате деца. Наеднаш не можете да го дочекате моментот да ги облечете вашите деца во слатки костуми – и тоа е во ред. На крајот на краиштата, нивната среќа е и ваша среќа. 
3.  Долго туширање… Што е тоа?
Релаксирачкото туширање на почетокот на денот е веќе минато за вас. Всушност, се радувате доколку имате 5 минути останати за вас. 
4. Вашите деца можат лесно да ви ги повредат чувствата
Децата сакаат да бидат одгледани од страна на родителите и да им се посветува целото внимание на свет. Но, понекогаш тие знаат да бидат злобни и тогаш се прашувате дали сте родиле мало ѓаволче.

 
5. 15- минутното доцнење на средбите со пријателките значи дека сте дојдени на време
Доколку ви се налутат што доцните, едноставно вратете им со „јас сум мајка“, тие ќе ве разберат.
6. Уморни сте цело време
Често се прашувате како сѐ уште сте будни и функционирате. Немате доволно време за себе, време да се одморите, но тоа не ви пречи. Вие уживате во мајчинството.
7. Секое бебе е нечиво бебе
Кога сте мајка, се сочувствувате со сите мајки и тоа ве прави уште посочувствителни и пољубезни со луѓето околу вас. Сакате да се дружите со млади мајки и со нивните бебиња.
8. Навистина разбирате што значи безусловна љубов
Ги сакате вашите деца дури иако не се онакви како што сте очекувале да бидат. Им ја давате сета љубов на светот, а не барате ништо за возврат.
Браво за вас, браво за сите мајки што уживаат во мајчинствотот!1. Не ги осудувате другите родители
Се сеќавате кога им упатувавте убиствени погледи на родителите чии деца се растрчуваа

Пронајдете не на следниве мрежи: