Споделувањето на информациите за вашата моментална локација и тоа како може да биде опасно. За жал, голем број апликации бараат пристап до тие податоци, а Вибер е една од нив. Меѓутоа, ние ќе ви покажеме неколку чекори кои ќе го решат вашиот проблем.Битно е да се знае дека постојат два начини за споделување на локацијата со пријателите. Првиот е постојаното споделување на локацијата со пријателите со кои се допишувате, а вториот е праќање информација во вид на порака за тоа каде се наоѓате во моментот.
Првиот начин можете да го исклучите така што ќе кликнете на иконата со стрелката, која се наоѓа лево од иконата за праќање на пораки. Кога таа е со виолетова боја, значи дека споделувањето на локацијата е вклучено, а кога е сива значи дека е исклучено.
Доколку не ви се допаѓа идејата за тоа некој постојано да може да види каде се наоѓате во секој момент, тогаш исклучете ја оваа опција. Но, доколку сакате на некого барем еднаш да му кажете каде се наоѓате, тогаш тоа можете да го направите на следниот начин:
Кликнете на иконата + која се наоѓа во левиот агол, одберете ја опцијата „Send location“. Ова ќе испрати порака за вашата моментална локација, а корисникот на кој сте му ја пратиле оваа порака нема да биде во можност константно да гледа каде се наоѓате.Битно е да се знае дека постојат два начини за споделување на локацијата со пријателите. Првиот е постојаното споделување на локацијата со пријател