Пушењето е лоша навика, но тоа не значи дека морате да се откажете од пријателите и да ги „сортирате“ гостите. Доколку имате пријатели пушачи овие совети ќе ви помогнат да се ослободите од чадот од цигари на едноставен и брз начин.Чадот од цигарите се „лепи“, го впиваат теписите, завесите, мебелот, но можете да се ослободите од тоа. Дали ќе се послужите со благи или посилни методи зависи од количината на чадот, колку е присутен во просторијата, дали пушачот престојувал подолго време и сл.
Длабинско чистење
Доколку сметате дека треба да го отстраните чадот длабински тогаш ќе ви биде потребен малку повеќе труд.
Доколку чадот се „инфилтрирал“ длабоко, тогаш е потребно големо чистење. Исперете ја целата облека, ќебиња, прекривки, се што било во контакт со чадот.
Завесите задолжително исперете ги и картко потопете ги во омекнувач.
Освежете го мебелот, избришете ги столчињата и сл.
За време на чистењето пожелно е да ги држите прозороте отворени за да ја проветрите просторијата од миризбата од разните средства за чистење, како и од самиот чад.
Брзо и едноставно
Проветрувањето секако е важно откако на гости ќе ви дојде пушач. Доколку можете да набавите апарати за прочистување на воздухот тоа ќе направи голема разлика. Исто така запалените украсни свеќи делумно ќе го впијат чадот од цигарите, но и активниот јаглен кој можете да го ставите во мал сад и да го распоредите на неколку места по куќата каде што се пуши.
Наполнете неколку мали чаши со оцет (можете да додадете и малку етерично масло) па ставете ги во просториите каде што е присутен мирисот на чад. Сварете кора од лимон и портокал, па чашите со се уште топлата вода распоредете ги во просториите.
Исто така можете да нанесете сода бикарбона по теписите и креветите, која ќе ги випе миризбите, а следниот ден само соберете со парвосмукалка.Чадот од цигарите се „лепи“, го впиваат теписите, завесите, мебелот, но можете да се ослободите од тоа. Дали ќе се послужите со благи и
Пронајдете не на следниве мрежи:



