Еве како на брз, лесен и ефикасен начин да се решите од митесерите!

Колку и да се обидувате да се ослободите од нив, не успевате. Доколку ги стискате агресивно, последиците можат да бидат грди, црвенило и испукани капилари. Сепак, во секоја кујна можете да најдете состојки со кои ефикасно ќе ги очистите порите, нежно и ефтино.Покрај тоа, не постои подобар козметика од домашната што природата ни ја подарила. Митесерите се појавуваат кога порите на кожата ќе се запушат од премногу масти, бактери, мртвите клетки на кожата, и од прашина …Ако сакате да се ослободите од нив, порите мора да бидат чисти.
Отворање на порите со пареа
 Најдобар и најбрз начин е со пареа да ги отворите порите на лицето за да можат митесерите полесно да се извадат. Загрејте вода во тенџере и го ставете кора од лимон. Задржете го вашето лице над тенџерето, но не преблиску. Ставете крпа над главата за пареата да не ви бега и останете така за 3-5 минути. Исплакнете го лицето со благ сапун и исушете го.
 Маска од белка од јајце
 Белките ги намалуваат порите на кожата и со тоа ги спречуваат нечистотиите да влегуваат во нив, а исто така помага за чистење на порите кои веќе се затворени. Издвојте ја белката од јајце во чаша, додадете четири лажички сок од лимон и една лажичка мед. Лимонот има дезинфекциско дејство, а медот делува антибактериски. Добро промешајте. Пред да ја ставите маската, лицето држете го на пареа за порите да се прошират. Исушете го и нанесете од маската. По 15 минути, исплакнете со ладна вода. Намачкајте хидратантна крема на лицето.
 Пилинг со сода бикарбона
 Тоа е одлично за да ги отстраните мртвите клетки од кожата и за длабоко чистење на порите. Измешајте една лажичка сода бикарбона, три лажици вода и сок од половина лимон. Смесата треба да биде малку погуста од млеко. Со прстите ставете на лицето и нежно во круг масирајте така што ќе го исчистите секој дел од лицето. По третманот измијте го лицето со млака вода, исушетего и намачкајте со крема. 

Медот ги извлекува митесерите
Медот е познат по своите антисептички и антибактериски својства, а добро е што е леплив и митесерите ги извлекува од порите. Ставете една лажичка мед на лицето и со прстите тријте го на кожата, особено каде што имате најмногу митесери. Исплакнете го лицето со топла вода.
Маската од зелен чај
Зелениот чај е полн со антиоксиданси и помага митесерите полесно да излезат од порите. Во сад се измешајте три лажички зелен чај, една лажичка кафеав шеќер и половина лажичка сок од лимон. Смесата ставете ја на лицето и по15 минути. Исплакнете со вода.
Пилинг од јагода
 Ова овошје е преполно со алфа хидроксна киселина, а таа го контролира производството на масти и ја чисти кожата од мртвите клетки. Маската од јагоди ќе ви помогне да се ослободите од старите митесери и ќе ја спречи појавата на нови. Измешајте една лажица мед, три мелени зрели јагоди и половина лажичка сок од лимон. Масирајте го лицето со смесата во кружни движења околу три минути, а потоа исплакнете.Покрај тоа, не постои подобар козметика од домашната што природата ни ја подарила. Митесерите се појавуваат кога порите на кожата ќе се запушат од

Пронајдете не на следниве мрежи: