Еве како на природен начин да ја осветлите косата!

Хемиските избелувачи и боите кои се употребуваат за осветлување на косата многу ја оштетуваат, еве како на природен начин да јаосветлите косата1. Цимет
Измешајте 3 лажици цимет со 4 лажици од вашиот регенератор и направете смеса. Масирајќи ја главата нанесете од маската на врвот и расчешлајте ја косата за да бидете сигурни дека подеднакво сте ја нанеле маската. Првите неколку минути циметот може да ја иритира вашата кожа. На главата ставете пластична капа и оставете да стои најмалку 4 часа. Резултатите ќе бидат поголеми доколку преспиете со капата на глава. Измијте ја косата и повторувајте ја постапката се додека да ја добиете саканата нијанса. Циметот може да ја осветли косата за две до три нијанси.
2. Чај од камилица
Направете чај од камилица и оставете го да се олади. Додадете неколку лажички од чајот во вашиот регенератор, а остатокот оставете го празна амбалажа од шампон. Така кога ќе ја миете косата, мијте ја со чај наместо со шампон, а потоа нанесете од регенераторот. Чајот од камилица постепено ќе го менува пигментот на вашата коса, така што не треба да очекувате драстични промени од еден третман. Меѓутоа, чајот не ја суши ниту ја оштетува косата , па затоа слободно можете да го употребувате, додека да ги постигнете саканите резултати.
3. Мед
Измешајте 1/3 филџан со мед со ¼ филџан со регенератор. Намокрете ја косата, а потоа рамномерно нанесете ја смесата почнувајќи од врвот на главата. Ставете пластична кеса на косата и оставете така да стои околу 8 часа, а потоа измијте ја. Медот нема значително да ја измени бојата на косата, па затоа е најдобро да се комбинира со лимон или цимет.1. Цимет
Измешајте 3 лажици цимет со 4 лажици од вашиот регенератор и направете смеса. Масирајќи ја главата нанесете

Пронајдете не на следниве мрежи: