Жуљевите се слоеви на кожата, кои се стврднуваат со тек на време, а се предизвикани од триење. Тие може да бидат болни, но и непријатни за глетка. Најчесто се појавуваат на стапалата или пак на рацете.Можете да ги избегнете доколку носите ракавици на рацете, и добри чевли со ортопедски влошки. Има неколку начини за да се ослободите од нив:
Чај од камилица
Можете да користите чај од камилица. Искиснете ги стапалата во сад со чај од камилица околју 20 минути. Ќе ја омекне кожата, а потоа можете да ги отстраните со вода и сапун.
Сода бикарбона
Едноставно земете топла вода и ставете две лажици сода бикарбона. Оставете ги стапалата да киснат 30 минути. И ќе биде лесно да ја отстраните стврднатата кожа.
Пемза (шуплив камен од вулканска лава)
Натопете ги стапалата со топла вода и истријте ги деловите со жуљеви со пемза. Потоа нанесете поголема количина на хидратантна крема.Можете да ги избегнете доколку носите ракавици на рацете, и добри чевли со ортопедски влошки. Има неколку начини за да се ослободите од нив:



