Еве како ова 12-годишно дете стана сензација само за една ноќ!

На многу начини Вилијам Франклин-Милер е како секое друго 12-годишно момче. Оди на училиште, игра рагби и се дружи со пријателите.Меѓутоа, има една сериозна разлика помеѓу него и секое друго момче во светот – Вил има повеќе од 152.000 следбеници на Инстаграм.
Ученикот од Мелбурн за една ноќ се претвори во сензација на социјалните мрежи откако девојка од Јапонија објави негова слика на Твитер. Таа добила илјадници ретвитови и наскоро привлекла огромен број следбеници на неговите профили на социјалните мрежи.
„Добивав по околу 100 следбеници на секои три секунди. Мислев дека се лажни, беа толку многу“ – вели момчето за Дејли Меил.
Шенон Френклин-Милер, мајката на Вил, била загрижена случајно профилот да не му е пробиен. Дури кога луѓето почнале да коментираат дека виделе негова слика Твитер, станало јасно што се случило. По ненадејната популарност, тој се има појавено во неколку модни ангажмани и филмови.
И иако следбениците го молат да ги посети и нивните земји, засега момчето се фокусира на училиштето и актерската кариера, а во последно време се јавува и на аудиции за голем број филмови.

Пронајдете не на следниве мрежи: