Еве како сега изгледа сега преубавата населба во Порторико од спотот за „Деспасито“

Еве како сега изгледа сега преубавата населба во Порторико од спотот за „Деспасито“ Со децении туристите кои го посетувале Порторико ја избегнувале населбата Сан Хуан – Ла Перла, место кое го врзувале со криминал и дрога. Но, тоа се се смени по објавата на песната „Деспасито“ која буквално го полуде светот и ги сруши сите рекорди.

Последните години, жителите на оваа населба напорно работеле за да го поправат имиџот на овој дел од градот, а во тоа им помогнаа Луис Фонси и Деди Јенки кои се одлучиле баш во Ла Перла да го снимаат спотот на познатата песна.
Од тогаш, населбата е постојано полна со туристи кои секојдневно ја посетуваат. Но, ураганите Ирма и Марија ја уништија.

По ураганот Ирма на социјалните мрежи се појавија фотографии и видео снимки на кои се прикажени празните улици и опустошениот град, но без огромни штети.
Меѓутоа се повеќе се стравувало од налетот на ураганот Марија кој одел директно кој оваа островска држава. Порторико после Марија стана пустош и целиот остров е без струја. Ураганот Марија уништи многу згради и остави голем број делови на Порторико без струја.
Најмалку 15 лица се загинати, а меѓу нив се и оние осум удавени во местото Тоа Хаха одалечено 32 километри од Сан Хуан.
 
 
Со децении туристите кои го посетувале Порторико ја избегнувале населбата Сан Хуан – Ла Перла, место кое го врзувале со криминал и дрога. Но,

Пронајдете не на следниве мрежи: