За вашата шминка да издржи цела вечер, треба да се потрудите и да вложите малку повеќе време од вообичаено.Кога на лицето ќе нанесете шминка набрзина, сигурно нема да ви издржи цела ноќ и ќе морате во текот на ноќта да ја поправате. Ви нудиме неколку совети како да направите вашата шминка да издржи подолго.
После чистењето на лицето, направете пилинг и кожата ќе биде спремна за хидратација. Нанесете хидратантен производ каде ќе ја избегнете Т зоната и почекајте барем 15 минути додека да почнете да се шминкате.
Траењето на сенката на очните капаци, ќе го продолжите така што ќе нанесувате сенка во прав, а на трепките ќе нанесете водоотпорна маскара за да не се размачкува. Не нанесувајте премногу коректор на вашето лице бидејќи благодарение на него, шминката во текот на денот полека ќе се брише и коректорот ќе станува се повеќе видлив.
Пред нанесување на карминот, ставете малку балсам за усни и почекајте 10 мин. Матираните кармини повеќе траат на вашите усни, па доколку ви треба кармин што ќе ви трае подолго време, одбегнувајте ги сјајните.
Да не ви се размачкува црната линија околу окото, на очниот капак прво нанесете водоотпорен молив па врз него ставете туш за очи. На тој начин, сансите за размачкување се минимални.
Кога на лицето ќе нанесете шминка набрзина, сигурно нема да ви издржи цела ноќ и ќе морате во текот на ноќта да ја поправате. Ви нудиме неколку сов



