Еве каква порака испраќате со црвената боја

Кога се работи за жени и секс, црвената боја е прва на која помислувате, зарем не? Црвени усни, црвена долна облека, црвен фустан…Едно истражување покажало дека  мажите ги сметаат жените за посексапилни и спремни за сексуален однос. Во минатото психолошките истражувања покажале дека мажите ги доживуваат жените сексуално поспремни благодарение на биолошката предиспозиција поради која црвената боја се смета за сексуален сигнал.
Но, ново истражување покажало дека и жените во црвено не ги оставаат рамнодушни другите жени, но сепак пердизвикуваат поинаква реакција, пернесува Тајм.
Истражувачи од Универзитетот во Рочестер се здружиле со  Универзитетот Трново во Словачка и Словачката академија за наука и се обиделе да дознаат каков впечаток на жените остава бојата на облеката која ја носи друга жена во нејзина близина.
Сега истражувачите, на чело со психологот Адам Пазда спровеле три истражувања за да откријат како жените реагираат на сликите од жени облечени во црвена, зелена и бела боја. Првиот експеримент покажал дека жените ја гледаат жената облечена во црвено во споредба со жената облечена во бело како сексуално поотворена, додека другиот експеримент покажал дека жените другата жена облечена во црвено ја сметаат за промискуитетна.

Третиот експеримент покажал дека жените ќе се однесуваат заштитнички кон своите партнери доколку е присутна жена во црвено во однос на жена облечена во зелено.
„Луѓето имаат тенденција боите да ги земаат „здраво за готово“. Боите не се само украс , туку тие имаат силно психичко влијание на начинот на кој ги перцепираме другите луѓе.
Мажите црвената боја ја сметаат за атрактивна и сексуална. Затоа во одредени прилики би можеле два пати да размислите дали ќе носите црвена боја поради праќање погрешни пораки. Доколку носите црвена боја, би можеле да бидете погрешно сфатени од другите жени, но тоа нема да се случи во секоја ситуација, но секако треба да бидете свесни за тоа дека веројатно праќате погрешни сигнали дека сте спремни на секс“, вели Адам Пазда, водечки автор на студијата.Едно истражување покажало дека  мажите ги сметаат жените за посексапилни и спремни за сексуален однос. Во минатото психолошките истражувања по

Пронајдете не на следниве мрежи: