Еве какво ќе биде времето викендов

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност која повеќе ќе биде застапена во источните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, повеќе изразен во Повардарието.
Според УХМР, слично време ќе има и во сабота кога температурата ќе се движи во интервалот од 25 до 32 степена, а УВ-индексот ќе има вредност 8.
Веќе од недела се очекува зголемување на облачноста со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни на југозапад и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика пад на дневната температура за околу пет степени и ќе се движи од 20 до 28 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.
Од понеделник пак, повторно ќе преовладува сончево и топло време со позначителен пораст на дневната температура. УВ-индексот ќе има вредност помеѓу 8 и 9.
 Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност која повеќе ќе биде застапена во источните делови од з

Пронајдете не на следниве мрежи: