Чешкиот лингвист, математичар и уметник Јакуб Маријан, изработи карта на која се претставени најпопуларните презимиња во европските држави.Покрај мапата со оригиналните презимиња, Маријан изработи уште една на која се прикажани значењата на тие презимиња.
Така, според картата на Маријан, најпопуларно презиме во Македонија е Стојановски. Презимето Новак е најпопуларно во Хрватска, Словенија, Полска и Чешка, додека Иванов е најчесто во Бугарија, Белорусија и Естонија.
– Поминав голем број часови гуглајќи, обидувајќи се да пронајдам податоци на некој од јазиците кои ги зборувам. Секако не ги зборувам сите јазици на државите кои се на мапата, па ги преведував со помош на речник. Почетната точка ми беше напис на Википедија, но за голем број податоци во него немаше наведен извор или едноставно беа целосно неточни, така што секогаш барав примарен извор, изјави Маријан за порталот „Инди100“.
Откако ги пронашол најчестите презимиња во секоја земја, Маријан за секое од нив нашол и соодветен превод со помош на етимолошки и генеалошки речници.
Покрај мапата со оригиналните презимиња, Маријан изработи уште една на која се прикажани значењата на тие презимиња.
Така, според картата н