Еве кога можеме да очекуваме стабилизација на времето!

Пообилни врнежи денеска имаше во јужните и западните делови од Македонија, каде наврнаа 50 литри воден талог на квадратен метар. Дуваше слаб до умерен источен и југоисточен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.За девет часа (до 16 часот), најмногу дожд наврнало во Битола, 50 литри на квадратен метар, потоа во Тополчани 38, во Маврово 33, 29 во Гевгелија, 25 во Прилеп, 18 во Демир Капија, 17 во Скопје, 16 во Пожаране и Лазарополе, 13 во Тетово, 10 во Пожар, 9 во Ѓуриште, 7 литри во Претор, Охрид и Штип, 5 во Виница и Струмица, 3 во Берово и два литра во Крива Паланка.
Максималната температура денеска беше најниска во Маврово 12, а највисока во Струмица (21 степен). Во Скопје денеска се измерени максимални  17 степени.  Во скопското подрачје имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, а дуваше и умерен ветер од источен правец.
УХМР информира дека времето до крајот на денот ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови од земјава, каде се очекува да наврнат уште дополнителни 10 до 15 литри. Ќе продолжи да дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер.
Утре времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во јужните и западните делови. Ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурите минимални од 11 до 18 степени, а максималните од 17 до 25 степени.
– Во наредните три дена ќе има обилни врнежи од дожд особено во јужните делови на земјава, но количините на наврнат воден талог ќе бидат во постепено опаѓање. В недела и в понеделник ќе има намалување на облачноста, но се уште е можа локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а температурата на воздухот ќе биде во пораст, соопшти УХМР.За девет часа (до 16 часот), најмногу дожд наврнало во Битола, 50 литри на квадратен метар, потоа во Тополчани 38, во Маврово 33, 29 во Гевгел

Пронајдете не на следниве мрежи: