Сте се прашале ли некогаш кои глумци не можат да се поднесат?Постојано ги гледаме на црвениот тепих, но понекогаш не сме свесни дека тие не можат да се поднесат. Еве некои од личностите што не можат да се поднесат.
Џорџ Клуни мисли дека Леонардо ди Каприо е опркужен со погрешните луѓе. Тој го заклучил ова за време на пријателски баскет. Имено, другарот на Лео, Дени, му пришол на Клуни и му рекол: „Имам играно против тебе и порано, и лом те направив“.
Иако друштвото на Клуни се состои од мажи во 50-тите, тимот на Ди Каприо изгубил. Но, Клуни сепак бил разочаран од играта и изјавил: „Важно е покрај себе да се има некој што знае кој е кој и што е што. Мислам дека на Лео му требаат такви луѓе.
Кога Џенифер Анистон раскинала со Бред Пит, Гвинет Палтроу прилично не чекаше многу, и го искоментира фактот дека тие го споделуваа својот љубовен живот со новинарите, изјавувајќи: „Ќе им беше многу полесно ако не објавуваа лични детали. Јас си ја научив мојата лекција со него“.
Иако многу жени би биле лути на таквиот коментар, Џени го прифати: „Во право е. Се чувствувам како да се наоѓам на гробишта за ѕвезди што си ја научиле лекцијата. Во тоа време си мислев: Што е важно, вљубени сме и даваме вљубени изјави“.
Сепак, коментарот на Гвинет Палтроу публиката го сметаше за долен удар, со оглед на фактот дека и нејзе Бред ја замени со Анџелина Џоли. Гвинет можеше да покаже барем малку сочувство, сметаат фановите.Постојано ги гледаме на црвениот тепих, но понекогаш не сме свесни дека тие не мо