Еве кои работи НЕ ТРЕБА ДА ГИ ПРАВИТЕ пред да почнете со тренингот

Грижата за телото, здравјето и духот стана тренд и кај нас, особено во последно време. Кејот, патеките на Водно, како и улиците се сè повеќе полни со рекреативци кои трошат калории преку трчање, возење велосипед или ролери.Доколку сте и вие меѓу нив, сигурно веќе знаете што треба да правите за да извежбате еден добар тренинг. Но, постојат одредени работи кои никако не смеете да ги правите пред да одите на вежбање.Не смеете да пиете алкохол
– Било која количина на алкохол пред тренингот е премногу, дури и да станува збор за чаша пиво. Во зависност од нивото на толеранција кое луѓето го имаат, врз некои алкохолот има поголемо влијание, но сеедно доведува до дехидравија, проширување на крвните садови, намалување на моторните функции, како и други ефекти кои би можеле да го загрозат вашето здравје доколку веднаш потоа физички се активирате, тврди Мајк Донаваник, сертифициран специјалист.
Дури и една чаша алкохолен пијалак може да влијае на шеќерот во крвта, кој може да доведе до мачнини и чувство на слабост.Не смеете да испиете повеќе од една чаша вода
До тренингот имате уште еден час, а сфаќате дека не сте испиле доволно вода во текот на денот, немојте да претерувате бидејќи не можете на надоместите одеднаш, туку напротив, може да ги одмогнете.- Вашите бубрези може да преработат еден литар вода за време до еден час, па доколку испиете повеќе од тоа, може да се доведете во ризик од сериозна здравствена ситуација, како што е хипонатермијата. Тогаш се случува јоните и натриумот во крвта да опаднат, вели Џорџи Фир, автор на книгата „Lean Habits for Lifelong Weight Loss“.
 
Симптомите на оваа состојба се опаѓање на енергијата, слабост на мускулите и грчеви.Доколку вежбате со стомак полн со течности, може да дојде до мачнини за време на тренингот кој опфаќа тешки вежби со скокање и трчање.

Немојте да тренинрате после интензивен сексуален однос
После интензивен сексуален однос, кој ви одзел многу енергија и при кој добро сте се испотиле, тренинг не ви е потребен.
Но, доколку сепак сакате добро да се извежбате, прескокнете го сексот и оставете го за подоцна во денот.
Не смеете да јадете зачинета храна- Доколку јадете големи и зачинети оброци пред тренингот, може да дојде до подување на стомакот и да ви се создадат силни киселини во желудникот, вели Фир.Не се обидувајте да се истегнете

Кога вежбате, вашите мускули мора да вршат интензивни контракции. Кога ќе ги ставите во истегната состојба, ја намалувате нивната можност да го одработат тренингот како што треба. Затоа, истегнувањето оставете го за после вежбање, кога тоа е и задолжително, вели Донаваник.Доколку сте и вие меѓу нив, сигурно веќе знаете што треба да правите за да извежбате еден добар тренинг. Но, постојат одредени работи кои никако не

Пронајдете не на следниве мрежи: