Кога вашето тело се обидува да ви каже нешто, како на пример дека штедите на витамини, тоа може да го покаже на доста чудни начини.Денешниот начин на исхрана лесно може да доведе до недостаток на витами во организмот, било да не јадете доволна количина на соодветни намирници или поради проблеми со варењето не доаѓа до нивна апсорпција. Тоа не значи дека ќе се разболите, но можете да завршите со оштетено функционирање, бидејќи витамините се кофактор за сите биохемиски реакции во организмот. Тие ви се потребни за правилно функционирање. Ви откриваме пет необични знаци на предупредување дека ви недостигаат витамини.
Испукани агли на усните
Ви недостигаат: железо, цинк и витамините од В групата, како што се нијацин- В3, рибофлавин –В2 и В12.
Решение: Јадете повеќе пилешко, туна, јајца, блитва, кикирики и слично.
Црвен осип на лицето и опѓање на косата
Ви недостига: биотен, кој е познат и како витамин за косата.
Решение: Потребно е да јадете тврдо варени или печени јајца, лосос, авокадо, печурки, соја, малини и банани.
Црвени или бели израстоци на лицето кои личат на акни (најчесто на образите, рацете и колковите)
Ви недостигаат: есенцијални масни киселини и витамин А и D.
Решение: Зголемете го внесот на здрави масти. Фокусирајте се на внес на јаткасти плодови, како што се оревите и бадемите, како и семенки. За да го зголемите внесот на витамин А, јадете повеќе зеленчук. Што се однесува до витаминот D, внесете повеќе млечни производи или користете додатоци во исхраната кој го содржат овој витамин.
Пецкање и трнње на рацете, стапалатаи другите делови од телото
Ви недостигаат: витамин од групата В, како што се фолната киселина и В6 и В12.
Решение: Во овој случај може да ви помогне спанаќот, цвеклото, гравот и јајцата.
Грчеви во мускулите во облик на убодна болка( во прстите на нозете, листовите, табаните и нозете)
Ви недостига: магнезиум, калциум и калиум.
Решение: Јадете повеќе банани, бадеми, лешници, цреши, јаболки, грејфрут, брокула и спанаќ.Денешниот начин на исхрана лесно може да доведе до недостаток на витами во организмот, било да не јадете доволна количина на соодветни намирници ил



