Еве кои ТАЈНИ не смеете да ги криете во врската!

 
Дали чувате голема тајна од вашиот партнер? Ако одговорот е да, веројатно се чувствувате многу виновно. Од партнерот најчесто се крие заради страв од раскинување, или пак од страв дека ќе им ги повредиме чувствата. Сепак, обидите да ја зајакнете врската ќе пропаднат доколку тајната ви ја откријат пред да ја признаете. Едно неодамнешно истражување за тајните во врските откри дека околу 60% од оние кои се во врска чуваат тајни од својот партнер. Зошто го правиме тоа? Истражувачите открија дека најчестите причини се страв од оштетување на врската, ненаоѓање на разбирање, или посрамотување. Дури и ако имате добри намери, вашата тајна најверојатно ќе биде откриена. Затоа подобро е да се ослободите од товарот и да поразговарате со партнерот. Еве кои тајни никогаш не смеете да ги криете во врската:
  
-Финансиски проблеми
И финансиските проблеми се дел од животот, но ако сте пред банкрот, морате веднаш да признаете. Ова е уште поважно ако сте верени или размислувате за брак, бидејќи тајната ќе се открие кога ќе дојде време за купување на куќа или стан. Околу 70 проценти од испитаниците во брак изјавиле дека би се развеле заради тајни од овој вид.
-Криминално досие
Ако сте се нашле на погрешната страна на законот, веројатно ќе бидете во искушение да го скриете тој дел од вашиот живот. Сепак, ако сте во сериозна врска, треба да признаете. Во зависност од сериозноста на престапот, вашиот партнер веројатно ќе побара да ги знае сите детали, но ако за тоа дознае од друго место, изградената доверба ќе биде нарушена.
-Физичка или  ментална попреченост
Ако имате извесна попреченост, морате итно да ја признаете, без разлика колку е сериозна. Ова особено е важно доколку имате сексуално пренослива болест. Во некои држави, луѓето со ХИВ-вирусот се законски обврзани да ги известат најблиските за својата состојба.

-Зависност
Ако се борите со зависноста од дрога, алкохол, па дури и од секс, известете го вашиот партнер. Можеби пријатно ќе ве изненади нивната поддршка во процесот на одвикнување, но никогаш нема да дознаете ако не се охрабрите да им објасните низ што поминувате.
-Имате дете
Колку порано признаете дека имате дете, толку подобро. Децата од претходен брак се честа причина за раскинување, и затоа важно е да признаете што порано и обајцата да се поштедите од страдање.
-Во брак сте
Се разбира, ова е очигледно, но многумина одлучуваат да го премолчат овој факт. Дури и ако сте разведени, имате обврска да признаете дали (и колку пати) сте биле во брак претходно.
  
-Финансиски проблеми
И финансиските проблеми се дел од животот, но ако сте пред банкрот, морате веднаш да признаете. Ова е у

Пронајдете не на следниве мрежи: