Гаврил Бубевски е прилично непозната личност во правничката фела, но и општо во пошироката македонска јавност, главно поради тоа што нема големо правничко искуство, а и во она кратко нема некои позначајни успеси. Знаејќи го ова се поставува прашањето како некој неискусен, релативно анонимен лик станува обвинител во СЈОГаврил Бубевски во јавноста е познат како кум на Филип Медарски, кој пак е адвокат на Зоран Заев. Елица Медарска пак, мајка на адвокатот на Заев и СДСМ, Филип Медарски, е обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Софија Медарска претходно Спасова, пак, сопруга на Филип Медарски е судијка во скопскиот Основен суд 2. Софија е ќерка на Ристе Спасов, секретар на судот.
Значи, по логиката на нештата, мајка му на Медарски обвинува, а неговата сопруга пресудува. Сестрата на Филип Медарски, пак, Ана Медарска Лазова, работи на прием на тужби за Република Македонија во Стразбур. Од ова произлегува дека најтесното семејство на адвокатот на Зоран Заев, сега засилено со неговиот кумашин во тимот на Катица Јанева е одлично распоредено во македонскиот правен систем и дели правда.
Оттука произлегува тесната поврзаност на Гаврил Бубевски, и неговото просперирање во кариерата. Но тоа не е се.
Имено, Гаврил Бубевски е син на Данче Бубевска судијка во Основниот Суд во Берово и Киро Бубевски транзиционен директор на Агрокомбинатот „Малешевска слива“ – Берово, кој своевремено беше распарчен и распродаден, а стотици семејства беа оставени на улица.
Агрокомбинатот пред уништувањето од страна на таткото на Гаврил Бубевски поседувал 660 хектари земјоделско обработливо земјиште претежно под овошни насади, јаболки, вишни и сливи. Исто така, агрокомбинатот поседувал и илијадници грла на стока, поточно 5.000 овци, 200 кози и 300 крави, сопствена млекара и дестилерија во која се произведувала популарната Беровска ракија од слива.
По уништувањето на фирмата во која биле вработени неколку стотоици ако не и илијада луѓе кои поради таткото на Бубевски останале на улица, тој купува неколку станови во Скопје, каде Бубевски и неговата сестра живеат (секој одделно во посебен стан) за време на студиите.
Освен ова, Бубевски во СЈО е познат заведувач, и често е гледан во интимно присуство со обвинителката Фатиме Фетаи, со која се одвојувал во одвоени простории како и се сретнувале надвор од канцелариите за наводна консултација.
InfomaxГаврил Бубевски во јавноста е познат како кум на Филип Медарски, кој пак е адвокат на Зоран Заев. Елица Медарска пак, мајка на адвокатот на Заев и