Еве која е разликата во мерењето на интензитетот меѓу Рихтеровата и Меркалиевата скала

Рихтеровата сеизмичка скала определува еден број, од 1 до 10, за да ја квантификува количината на сеизмичка енергија ослободена при земјотрес. Бројот од скалата се добива како логаритам со основа 10 од хоризонталната амплитуда на најголемото поместување на Вуд-Андерсоновиот торзиски сеизмограф.Енергијата што се ослободува од земјотресот е еднаква на амплитудата на тресењето на степен 3⁄2, па според тоа, разликата од 1 степен на Рихтеровата скала е еквивалентна на 31,6 пати поголема ослободена енергија, а разликата од 2 степени соодветствува на 1.000 пати поголема енергија.
 
Поради физичките ограничувања на Вуд-Андерсоновиот сеизмометар што се користи во пресметката на скалата, силата на земјотресот не може точно да се одреди за потреси поголеми од околу 6,8. Затоа за посилни потреси се користи скала што се заснова на пресметка на сеизмичкиот момент место на сеизмичкото движење, па затоа се нарекува Скала на магнитуда на моментот.
Рихтеровата магнитуда на земјотресот се определува од логаритамот на амплитудата на брановите снимени од сеизмографите, при што се користи приспособување за да се компензира за варијациите во растојанието меѓу разни сеизмографи и епицентарот на земјотресот. Поради логаритамската пресметка, секој еден степен на скалата значи десет пати поголемо поместување на земјата.
Потреси со магнитуда од 4,6 и повеќе се доволно силни за да се регистрираат од кој било сеизмограф во светот.
Следнава таблица ги опишува типичните ефекти за земјотреси со разни магнитуди во епицентарот. Сепак, оваа табела треба да се гледа со предострожност, бидејќи интензитетот и ефектот на земјотресот зависи не само од магнитудата, туку и од растојанието од епицентарот, длабочината на хипоцентарот, геолошките услови на почвата (некои земјишта можат да го засилат сеизмичкиот бран), итн.
 
Меркалиевата скала на интензитет се користи за мерење на интензитет на земјотрес. Оваа скала ги опишува ефектите од земјотресите на Земјината површина, луѓето, природните објекти и производите на човечкиот труд со скала од 1 до 12.
Меркалиевата скала произлегла од масовно користена скала од десет степени Роси-Форел, која била ревидирана од италијанскиот вулканолог Ѓузепе Меркали во 1883 и 1902. Изразот Меркалиева скала на интензитет или Меркалиева скала не треба да се користи, освен ако не се мисли на оригиналната скала од 10 степени од 1902 година.
Во 1902 година Меркалиевата скала од десет степени била проширена на дванаесет степени од италијанскиот физичар Адолфо Канкани. Таа подоцна била комплетно преработена од геофизичарот Огуст Хејнрих Сиеберг и стана позната како Меркали-Канкани-Сиебергова (МКС) скала.
Оваа скала била уште два пати доплнувана од Хари О. Вуд и Френк Нуман и конечно од Чарлс Рихтер. Денес оваа скала е позната како Модифицирана Меркалиева скала – MMI.
Пониските степени во оваа скала се дефинираат според осетот на луѓето, додека повисоките степени се базирани на забележаните ефекти од земјотрес.
Меркалиевата сеизмичка скала има 12 степени:
Енергијата што се ослободува од земјотресот е еднаква на амплитудата на тресењето на степен 3⁄2, па според тоа, разликата од 1 степен на Рихт

Пронајдете не на следниве мрежи: