Новиот проект на Владата Купи Куќа за млади е предизвика огромен интерес меѓу граѓаните помлади од 35 години кои имаат намера да купат куќа. Ние направивме пресметка, колку би добиле како субвенција од Владата доколку се решите да земете кредит меѓу 20.000 и 50.000 евра. Пресметавме колку би била вашата рата во првите 8 години, додека трае субвенцијата на владата според која таа ви плаќа 80% од месечната рата, потоа пресметавме колку ќе треба да плаќате месечно во наредните 3 години додека субвенцијата е 50% од ратата и колку ви преостанува да плаќате во наредните 9 години кога немате субвенции. Направивме математика и колку ќе добие банката како камата и колку ќе вратите заедно со Владата откако ќе го исплатите целиот кредит, по 20 години. Во пресметките користевме средна, просечна годишна каматна стапка од 5,76 проценти за цело време на исплаќање на кредитот за да можеме да направиме попрецизна пресметка. Се разбира, каматата во првите 3 години ќе биде 3,9% а во наредните две околу 4,5% а потоа, за цело време на исплаќање на кредитот, односно во останатите 15 години, каматата би била околу 6,5% колку што се моменталните камати во банките за станбени кредити.
Согласно политиките на банките, за да земете кредит, потребно е да имате 3 пати повисоки месечни примања од месечната рата за кредитот. Доколку сте во брак, вашиот брачен партнер може да ви биде кокредитобарател па така, вкупниот износ на вашите две плати ќе треба да биде 3 пати повисок од месечниот износ на ратата.
Сумите се изразени во евра
Пресметавме колку би била вашата рата во првите 8 години, додека трае субвенцијата на владата според која таа ви плаќа 80% од месечната рата, потоа
Пронајдете не на следниве мрежи: