Еве колкави се штетите што ги направија СДСМ и медиумите под нивна контрола

Во периодот од 19 април до 23 мај годинава Народната банка на Македонија интервенирала на девизниот пазар со продажба од 129 милиони евра, за да ја одржи стабилноста на денарот, соопшти денеска НБРМ. Тоа придонесе да се намалат и девизните резерви.„Главен фактор за намалувањето на девизните резерви во овој период се интервенциите на девизниот пазар, како реакција на зголемената побарувачка за девизи, во услови на нестабилен политички амбиент“, оцени вчера Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ при што се додава дека со интервециите бил затворен јазот меѓу побарувачката и понудата на девизи, со што се одржала и стабилноста на девизниот курс на денарот.
„Во мај, мерките на Народната банка за справување со шпекулациите околу стабилноста на курсот на денарот придонесоа за постојан пад на побарувачката на девизи од физичките лица, којашто постепено се враќа кон вообичаеното преткризно ниво. Во такви околности, побарувачката на девизи од физичките лица во мај беше пониска за околу 30 отсто од вкупната побарувачка за април“, велат од НБРМ. Сепак, според НБРМ, девизните резерви и понатаму се движат во сигурната зона.
Неизвесноста и шпекулациите се одразија и врз депозитната база на банките, каде што во април е регистриран значителен пад од 2,2 отсто на месечна основа. Намалувањето на депозитите е речиси подеднакво како кај корпоративниот сектор, така и кај депозитите на домаќинствата. Како што се вели во соопштението, „првичните податоци за мај покажуваат натамошен тренд на намалување на депозитите, но многу послабо во однос на април“. Притоа, од дневните податоци за втората половина на мај и првата половина од јуни се забележува значително стабилизирање на депозитната база.
„Ова упатува и на стабилизирање на согледувањата на економските субјекти“, констатира НБРМ.
Од таму оценуваат дека монетарната поставеност е соодветна и каматната стапка на благајничките записи останува непроменета. Така, девизниот пазар од последната недела на мај досега е стабилен и речиси без потреба од интервенции на НБРМ, што упатува на значително стабилизирање на очекувањата и довербата на економските субјекти и намалување на склоностите за располагање со девизи. Сепак, како што оценува НБРМ, неизвесноста поврзана со домашните политички случувања и со глобалното окружување е с` уште присутна. Инаку, на седницата на комитетот, било одлучено на аукција да се понудат благајнички записи во износ од 22 милијарди денари (околу 357 милиони евра), со непроменета каматна стапка од 4 отсто.
Политичката криза се одразува и врз економскиот раст. Така, според проценетите податоци за БДП за првиот квартал изнесува 2 проценти. Позитивни остварувања се забележани во речиси сите дејности, но ова темпо е побавно во однос на досегашното темпо на раст, како и во однос на последните проекции на НБРМ.
„Податоците за април, во најголем дел, упатуваат на задржување на економската активност во зоната на позитивни стапки на промена. Сепак, треба да се има предвид дека овие оцени се засноваат врз мошне мал број расположливи податоци, а домашните неекономски фактори поврзани со политичките случувања во земјата дополнително ја зголемуваат неизвесноста околу остварувањата и оцените за економската активност во вториот квартал“, оценува НБРМ.
Во однос на кредитниот пазар, во текот на април и мај, вкупните кредити на приватниот сектор се задржаа на релативно стабилно ниво, при раст на кредитите кај населението и намалување на кредитите кај корпоративниот сектор. Стагнацијата на кредитите во еден дел веројатно е реакција на неизвесниот амбиент и падот на депозитната база, но во еден дел и одраз на отписот на достасани, ненаплатени побарувања, согласно со одлуката на НБРМ донесена во декември минатата година.„Главен фактор за намалувањето на девизните резерви во овој период се интервенциите на девизниот пазар, како реакција на зголемената побарува

Пронајдете не на следниве мрежи: