Министерот на полицијата Небојша Стефановиќ вели дека луѓето од подземјето се само извршители, а зад операцијата стојат оние на кои не им е проблем да платат за инфомациите кои се собрани досега и кои укажуваат на тоа дека е можно зад организираниот напад на премиерот и неговото семејство да се вмешани луѓе надвор од овој регион.Луѓето кои стојат зад организирањето на атентатот на премиерот Александар Вучиќ, биле подготвени да платат дури 10 милиони евра за неговото убиство.
– Постојат луѓе на кои не им се допаѓа силниот Вучиќ или силната Влада, а кои можат да дадат одредена сума на пари, 10 милиони евра или така нешто за да се изврши работата, изјавил министерот.
Тој во изјава за српски Курир, вели дека полицијата ги истражува сите можности и дека потојат индиции дека криминалци се ангажирани во делот со увозот на оружјето.Луѓето кои стојат зад организирањето на атентатот на премиерот Александар Вучиќ, биле подготвени да платат дури 10 милиони евра за неговото убиство