Еве колку загинати има во Србија и БиХ!

Најмалку 20 луѓе ги загубија животите при катастрофалните поплави во Србија и Босна и Херцеговина, соопштија властите во двете држави…Во БиХ во поплавите загинаа 12 луѓе, а во Србија осуммина.
Во источниот босански град Бијелина денеска беа евакуирани околу 10.000 луѓе откако се излеа реката Сава. Во Србија се евакуирани над 15.000 лица.
Според метеоролозите ова се најголемите поплави во период од 120 години. за три дена во регионот паднало толкаво количество дожд колку за три месеци.
Горан Михајловиќ од Српскиот метеоролошки центар изјави дека вакви дождови има еднаш на сто години. Околу 210 литри на метар квадратен наврнале во Лозница, на западната српска граница со БиХ, а во Белград 190 литри на метар квадратен.

 
Директорот на Службата за вонредни ситуации во Србија, Предраг Мариќ истакна дека не може да биде соопштен точниот број на жртви се додека не се повлечи водата.
Обреновац, на 30 километри оф Белград е меѓу најзагрозените градови во Србија, каде околу 4.000 од вкупно 30.000 жители се евакуирани.
Приближно 90.000 домаќинства во Србија се без електрична енергија.
Српскиот премиер Србија Александар Вучиќ изјави дека се очекува уште еден бран поплави утре попладне и оти Србија е подготвена да се справи со него.Во БиХ во поплавите загинаа 12 луѓе, а во Србија осуммина.
Во источниот босански град Бијелина денеска беа евакуирани околу 10.000 луѓе отк

Пронајдете не на следниве мрежи: