Нанесувањето на деодорант или антиперспирант е дел од утринската хигиена, но веројатно никогаш не сте се запрашале дали го правите тоа на правилен начин. Д-р Доун Харпер открива кој е најдобриот начин за нанесување на антиперспирант, во кое доба од денот и во која количина.Антиперспирантите за разлика од деодорантите делуваат така што ги блокираат потните жлезди и со тоа го намалуваат потењето и го решаваат проблемот со непријатниот мирис. Тоа се случува благодарение на хемикалиите во антиперспирантите како што се алуминиумските соли, но некои истражувања докажале дека тие состојки можат да бидат штетни и за човековото здравје.
Доколку антиперспирантот е дел од вашата нега и хигиена, добро е да знаете како правилно да го користите и во која количина. Добрата вест е што всушност можете да го користите многу поретко отколку што мислите.
“Квалитетниот антиперспирант е доволно да се нанесе два пати неделно и тој постојано ќе биде делотворен”, вели д-р Харпер и додава дека антиперспирантите е најдобро да ги нанесувате навечер, а не наутро како што повеќето од нас прават.
“Пред да го нанесете антиперспирантот, кожата мора да биде потполно сува. Исто така, најдобро е да го нанесувате навечер пред спиење, со цел состојките да се впијат во порите во текот на ноќта. Доколку наутро имате траги од антиперспирантот под пазувите, слободно измијте се со вода и сапун”, советува Харпер и открива во која количина треба да го нанесувате антиперспирантот.
“Едноставно повлечете два потези нагоре и два потези надолу и готови сте”, вели докторката.

Антиперспирантите за разлика од деодорантите делуваат така што ги блокираат потните жлезди и со тоа го намалуваат потењето и го решаваат проб