На високите температури луѓето најчесто велат, не се издржува без клима уред. Но, поради кондензација, тие се легло на бактерии.Пулмолозите предупредуваат од опасноста за белодробни заболувања. Симтомите се слични на грип, а единствена терапија се силни антибиотици.
Без клима уред не можеме да ги замислиме летните месеци, но многумина го игнорираат фактот што нередовното чистење на уредот го намалува квалитетот на воздухот во просторијата, а тоа пак создава идеални услови за размножување на низа бактерии опасни по здравјето на луѓето.
Клима уредите можат да доведат до тешки белодробни заболувања – предупредуваат пулмолозите. Поради кондензацијата претставуваат легло на бактерии кои предизвикуваат тешки заболувања, најспецифична е легионелата, ги напаѓа дишните патишта и може да се вгнезди во белите дробови. Болеста има симптоми слични на грип, а единствена терапија се силните антибиотици, лекувањето трае три недели.
-Овие бактерии можат да доведат и до чести компликации. Од синусите до срцето, бубрезите и сите други органи, затоа е важно инфекцијата целосно да се уништи. Некои пациенти се лекуваат од 7 до 10 дена, ќе се почувствуваат подобро и ја прекинуваат терапијата. Потоа имаме срцеви компликации, вели проф. д-р Ангелко Ѓорчев, Клиника за пулмологија и алергологија.
Лекарите ги советуваат граѓаните правилно да ги користат уредите за разладување, редовно да ги чистат, но и да не претеруваат со многу ниска температура, бидејќи може да предизвика колапс. Луѓето велат, знаат за негативните последици – па затоа внимаваат.
Пулмолозите велат овие опасни бактерии ги има и во базените и во езерските води.Пулмолозите предупредуваат од опасноста за белодробни заболувања. Симтомите се слични на грип, а единствена терапија се силни антибиотици.