Еве неколку интимни проблеми со кои секоја девојка може да се соочи!

Женскиот полов орган навистина поминува низ голем број на промени и проблеми. Повеќето од нив се безопасни, но тоа не значи дека треба целосно да се игнорираат.1. Заборавивте нешто внатре
Најчеста работа која жените ја забораваат внатре се тампоните, вели еден гинеколог. Дека нешто не е во ред забележуваат по непријатниот мирис, а освен тампони, многу лекари признаваат дека пронаоѓале и дијафрагми или делови од секс играчки кај некои жени.
2. Пронајдовте некоја испакнатина
Не паничете, ова не е ништо страшно. Ако имате болна испакнатина на интимниот дел може да се работи за Бартолинова жлезда. Ова е честа појава и се третира со облози. Но, ако болката е силна пожелно е да посетите лекар.
Уште една испакнатина која може да ја забележите се малите поткожни ткива кои настануваат заради затнати пори и канали. Исто така безопасни, но ако станат премногу болни, пожелно е да посетите гинеколог.
3. Воспаление на фоликулите на влакната
Најчесто се јавува во облик на мозолка, а во најлош случај може да остане како лузна. Може да ја добиете од бричење, депилација, потење или џакузи. Може да ги третирате со топли облоги.
4. Кожни проблеми
Нежната кожа во интимниот дел може да биде подложна на егземи, псоријаза, па дури и рак на кожа. Затоа се пожелни редовните прегледи.
5. Во близина на вагината имате голема испакната вена
Тоа се проширени вени кои најчесто се појавуваат за време на бременоста, тврдат лекарите. Проширените вени најчесто се предизвикани заради долго седење на тоалетот или заради долготрајно стоење. За нив нема посебни третмани, најчесто сами се повлекуваат.
6. Вагината одбива да се навлажни
Ако едноставно тоа не се случува, не претпоставувајте веднаш дека сте болни. Сувоста на вагината може да биде предизвикана од контрацептивни пилули, апчиња за алергија, доење… Побарајте совет од лекарот или помогнете си со лубрикант.
7. Ве чеша и имате бел исцедок
Ова е првиот знак за габична инфекција, која е многу честа. Се што ви ја нарушува pH вредноста, како антибиотици, мокри костими за капење или дијабетес, укажува на вакви промени. Се третира со крема или вагиналети.
8. Имате бел исцедок со непријатен мирис
Непријатниот мирис пропратен со исцедок, а понекогаш и печење е чест знак за вагиноза. Се работи за уште една бактерија која доаѓа заради пореметување на pH рамнотежата. Се лечи со орални или вагинални лекови.
9. Ве чеша и пече
Ова може да е знак на многу негативни промени, од габични инфекции, па се до полово преносливи болести како кламидија, гонореја и сифилис. Не се плашете, но задолжително тестирајте се.
10. Кога пробувате да ставите нешто, вагината се стега
Вагинизам е сексуална дисфункција кај жената. Претставува болна состојба во која мускулите се стегаат и ја блокираат пенетрацијата. Задолжително консултирајте се со доктор.
 

11. Не можете да ставите ни тампон
Прилично е ретко, но некои жени се раѓаат со дебел химен. Во овој случај, ниту ставањето тампони, ниту сексот е возможен. Најчесто се решава со хируршки зафат.
12. Непријатна, постојана чешавица таму доле
Пред да помислите на некоја полова болест, едноставно имајте на ум дека може да се работи за иритација на кожата. Чешањето може да се јави како последица по годишниот одмор (песок, солена вода), промена на гелот за туширање, синтетичка долна облека… За да бидете сигурни дека се работи само за иритација, измивајте ја вагината само со чиста вода. Ако чешањето не престане, проблемот е посериозен.
13. Постојано мокрите и ве пече
Големи се шансите да се работи за инфекција на уринарниот тракт. Често се пренесува по сексуален пат, непријатна е и мора да се лечи со антибиотици.
14. Вагината едноставно ве боли
Болката за време на секс може да укажува на повеќе проблеми – сувост, инфекција, менструација или ендометриоза. И во овој случај мора да посетите гинеколог.
15. Ве боли внатрешниот дел од вагината
Ако чувствувате подлабока болка, можеби се работи за вулводинија. Тоа е хронична болка која е многу лесна за предизвикување, па потребно е да му спомнете на вашиот гинеколог што точно чувствувате за да може да ви помогне.

16. Крварите, а немате менструација
Малото крварење не е голема и сериозна работа, но крварењето по сексот е нешто на кое мора да обрнете внимание. Тоа може да биде предизвикано од сувост, инфекција или некој карцином.
17. Имате меурчиња на вагината
ХПВ и гениталниот херпес најчесто се манифестираат низ овие симптоми. Иако не постои лек за овие вируси, важно е да се тестирате за да не го пренесете на партнерот.
18. Имате чести болки, исцедок, болен секс и повишена температура
Овие симптоми укажуваат на гонореја и кламидија, па ако забележите било кој од овие симптоми во комбинација со повраќање и често мокрење, посетете лекар. Ако се открие прилично рано може да биде соодветно третирана, но ако се игнорира може да предизвика неплодност.1. Заборавивте нешто внатре
Најчеста работа која жените ја забораваат внатре се тампоните, вели еден гинеколог. Дека нешто

Пронајдете не на следниве мрежи: