Еве од каде доаѓа зборот „фетиш“

Марк Сабина во ова видео открива од каде доаѓа зборот „фетиш“.Фетиш во етнологијата е предмет за кои се верува дека има надприродна моќ.
Терминот настанал во 18-ти век, се употребувал во примената на теоријата за еволуција на ралигијата. Го „сковал“ во 1757 година францускиот писател и политичар Шарл Де Бросс. Според него фетишизмот е најраната фаза на еволуцијата на религијата, по неа следи фазата на тотемизам политемизам и монотеизам. Во основа, на фетишизмот му се дава некоја надприродна вредност и моќ, односно има магиско и боженствено значење.
Во 19-тиот век Едвард Бурнет Тејлор и Џон Фергусон МекЛенан сметале дека концептот на фетишизмот овозможува да се отргне вниманието од односот на луѓето кон Бога кон односот на луѓето кон матријалните работи.
Фетиши
Крвта се смета за особено моќен фетиш. Во некои делови на Африка, коса на белците се смета за фетиш. Во другите култури вообичаени фетиши се некои предмети и работи како: коски, крзно, перја, вода од одредени места, билки и дрва.
Фетишизмот на Маркс
Во 19-ти век Маркс го усвои овој поим за да опише важна компонента на капитализмот-фетишизам на стока.

 

Сексуален фетишизам
Фетишот е предмет кои без причина се обожава. Медицината ова го вбројува во групата на ментални нарушувања односно нарушувања на сексуалните преференции.
Теорија
Класичната теорија се насочува кон Едиповиот комплекс. Според Фројд, важна фаза во развојот на едно момче, е тоа како момчето ќе успее да ги надмине ривалство со неговиот татко во освојувањето љубов на мајката. Може да се јави страв дека неговиот татко со оглед на тоа дека е постар и посилен ќе го казни противникот( во овој случај момчето) па токму затоа тоа потсвесно се посветува на фетиши- поврзани со неговиот пенис. Во овој случај погледот на фетиш се врзува со помислата за пенис.
Според друга теорија цел на стравот не е таткото, туку губитокот на мајката. Па токму затоа фетишот е објект кој му помага на момчето да го надмине стравот од осаменост.

 
Предмет на фетишизам може да бидат:
Различни видови на облека: чевли, чизми, високи потпетици, чорапи, ракавици…
-материјал за облека како кожа, ликра, латекс…
-делови на тело како раце, коса….
-телесни течности
-медицинска опрема
И многу други.
Погледнете го видеото:
 
Фетиш во етнологијата е предмет за кои се верува дека има надприродна моќ.
Терминот настанал во 18-ти век, се употребувал во примената на т

Пронајдете не на следниве мрежи: