Смартфоните се многу корисен изум, но кога ќе почнат да прават проблеми, многумина посакуваат да ги треснат од ѕид.Замрзнувањето на екранот, блокирањето на уредот и слични незгоди можат многу да го изнервираат корисникот, а колку и да е телефонот „паметен“ (и скап), шансите тоа да ви се случи порано или подоцна се големи.
За разлика од постарите телефони, кои, со малку чепкање едноставно можат присилно да се рестартираат вадејќи им ја батеријата, кај многу од паметните телефони батеријата е најчесто интегрирана, и со тоа остануваме без таа можност.
Што да се направи?
Првата опција, секако, е да се држи копчето за исклучување на мобилниот телефон околу 20 секунди, што во повеќето од случаите делува. Но, ако тоа не успева, ви остануваат уште неколку можности.
Кај телефоните со оперативен систем Андроид, заедно со копчето за вклучувате на телефонот, морате истовремено да го држите и копчето за засилување или за намалување на звукот. Ако едното не делува, обидете се со другото, исто така во времетраење од околу 20 секунди. Слично е и кај Ајфоните, кај кои ќе ви биде потребно истовремено да го држите копчето за заклучување на екранот и копчето „дома“, односно она за враќање на почетниот екран.
Ако проблемот со замрзнување на екранот често ви се случува, обидете се да ги исклучите и деинсталирате непотребните апликации и да ослободите меморија со префрлање на вишокот фотографии на компјутер, а не заборавајте ни на редовното ажурирање на оперативниот систем.Замрзнувањето на екранот, блокирањето на уредот и слични незгоди можат многу да го изнервираат корисникот, а колку и да е телефонот „паметен&