ЕВЕ ШТО ДА НАПРАВИТЕ ЗА ДА НЕ ВИ ЛЕПАТ ТАВЧИЊАТА

Никој не сака кога храната ќе се залепи за тавчето, но затоа постои неверојатно, но едноставно решение.Без разлика дали станува збор за пржено јајце за појадок или бифтек за вечера, храната која ќе се залепи за дното на тавчето е она што ја фрустрира речиси секоја домаќинка.
Еве неколку начини како да го решите овој проблем, а тоа да не подразбира ново тавче и помала температура на печење:
1.Пред било што да ставите во тавчето, гледајте тоа да биде добро загреано
Како што пишува во Science Cooking, високата температура создава „ефект на пареа“, во оној миг кога храната ќе се стави на загреано тавче.
Топлината придонесува за ослободување на водата од храната, а пареата која притоа ќе се создаде со вриење на водата спречува храната да се залепи за дното.
Пареата всушност ја одвојува храната од маслото, што спречува нејзино залепување. Исто така, „цвркотењето“ од тавчето е знак дека таа се создава.
2.Вториот начин подразбира тавчето добро да го исчистите а храната да се погрижите да биде сува
На пример, ако вашето тавче е доволно загреано, ставете малку вода на него. Доколку капката почне да лизга по површината и да „цвркоти“, вашето тавче е спремно за употреба.
Во зависност од она што го готвите, можете со едно парче храна да преминете преку целата површина на тавчето, за да видите дали ќе залепи или лесно ќе лизга.
 Без разлика дали станува збор за пржено јајце за појадок или бифтек за вечера, храната која ќе се залепи за дното на тавчето е она што ја фрустрира

Пронајдете не на следниве мрежи: