Готвењето е најчеста причина за непријатен мирис во домот, и често не сме ни свесни дека мирисот е навлезен во куќата.Обично сме свесни дека нашиот дом мириса, дури кога ќе излеземе надвор, па по извесно време се вратиме, или уште полошо е тоа што истиот мирис можат да го забелажат и нашите гости.
Сакате да се ослободите од непријатните мириси во домот? Еве што може да бидат брзи решенија треба да ги проверите.
Знаеме колку е досадно и тешко да се ослободите од мирисот по готвењето, па сите овие совети се добредојдени.
Во мало тенџере загрејте вода и, додадете сок од лимон и миризливи билки како лаванда или нане. Водата се остава да зоврие некое време додека просторијата не се исполни со пријатен мирис. Можете да ставите и некои други растенија кои ви се драги на вас и ви се допаѓа нивниот мирис.
Ова е одличен трик пред да пристигнат вашите гости, затоа што понекогаш и по долги проветрувања, сеуште се чувствуваа мирисот, и веднаш ќе го забележите при самоит влез во собата. Вам можеби ќе ви изгледа дека мирисот е изветреан, но обидете се да се излезете од просторијата на неколку минути, повторно да влезете за да го почуствувате мирисот.
Одводот од мијалникот
Поради разновидната храна и нечистите садови во мијалникот често се создава непријатна миризба. За почеток, можете да исцедите малку сок од лимон, и да го оставите да делува, па потоа пуштете проток на топла вода за цевките да се измијат. Друг начин е да додадете малку оцет и сода бикарбона. Оцетот е природен начин за одзатнување на одводот во мијалникот. Наместо скапите производи чиј мирис може дури и да ни наштети, во одводот од мијалникот полијте сода бикарбона и бел оцет, кога ќе отстои смесата по некое време, исплакнете со топла вода. Обидете се и со комбинација на оцет и груба/крупна сол, а процесот е потполно ист.Обично сме свесни дека нашиот дом мириса, дури кога ќе излеземе надвор, па по извесно време се вратиме, или уште полошо е тоа што истиот мирис можа



