11.000 Британци учествуваа во деталното истражување за навиките на спиење и како лишувањето од сон влијае на нашето тело. Резултатите се неверојатни, особено со оглед на фактот дека еден час или два на спиење помалку генерално не се гледа како нешто што толку многу може да ни наштети, но оваа студија сугерира дека, и тоа како може да наштети…Студијата беше спроведена во лондонската институција, Sleep School, во оваа студија учествуваала и 46-годишната Сара Чалмерс, која како што е наведено, спие во просек од шест часа на ден. Студијата покажа колку само два часа плус спиење има позитивен ефект врз здравјето и изгледот. Сепак, релевантноста на “пред и потоа” фотографиите 46-годишната Сара, кои се приложени како доказ за тоа како недостаток на спиење е штетно, може да се дискутира, но експертите велат дека не треба да се игнорираат резултатите од студиите кои покажуваат дека лишувањето од сон е многу поштетно отколку што можете да замислите.
Недостатокот на сон може да се рефлектира на концентрацијата, на меморијата, исто така може значајно да делува и на вашиот физички изглед.
Само една или две вечери на лишување од сон може да имаат драстичен ефект врз кожата, брчките се повидливи, тенот е многу полош, а тука се и неизбежните темни кругови околу очите. Сара, вели дека со години, откако недоволно спие, страда од расеаност, постојано е нервозна и чувствува зголемена потреба од храна.
-Во работните денови во просек спиев по шест часа дневно, а за време на викендите се обидував да го надополнам пропуштениот сон, кога се одлучив да учествувам во ова истражување првата ноќ спиев само четири часа, а потоа почнав да го зголемувам бројот на часови за спиење. Позитивните ефекти беа брзо видливи, вели Сара, како што е цитирано од страна на Daily Mail.
Студијата покажа дека недостатокот на сон е поврзан со прагот на болка, несоница ја намалува, но недостатокот на сон најмногу се приметува на кожата. Нивото на кортизол се зголемува ако не спиеме доволно, и тоа значително делува на намалување на колагенот, и ја намалува еластичноста на кожата. Недостатокот на сон ја слабее способноста да се регенерира кожата и да доведе до проширени вени, и да предизвика пукање на капилари. Одтаму и имунолошкиот систем кој исто така слабее ако не спиеме доволно.Студијата беше спроведена во лондонската институција, Sleep School, во оваа студија учествуваала и 46-годишната Сара Чалмерс, која како што е навед



