Се сеќавате на она дека „јаболко на ден“ го одржува здравјето на организмот на оптимално ниво? Истото важи и за авокадото! Ова вкусно овошје изобилува со витамини и хранливи состојки кои му се потребни на организмот, со што спаѓа во едно од најпознатите суперовошја на природата.Меката внатрешност на авокадото го прави да биде дел од многу рецепти, а со тоа и дел од многу јадења. Токму овој фактор помага да го вклучите авокадото во исхраната и со тоа да направите позитивен ефект врз здравјето и благосостојбата на организмот.
Во продолжение може да ги прочитате корисните својства кои ќе ги искусите од секојдневната консумација на авокадо.
1) Витамини и хранливи материи – Авокадото е богат извор на растителни влакна, витамин Ц, фолна киселина, ниацин и рибофлавин, плус витамините К, Б6 и Е. Тие дури и содржат двојно количество на калиум во споредба со бананите!
2) Здрави масти – Иако многу луѓе го избегнуваат авокадото бидејќи е познато дека е богато со масти, треба да се знае дека тоа се мононезаситени или добар вид на масти. Здравите масти се добри за нас, бидејќи тие всушност можат да помогнат да се намали лошиот холестерол, што за возврат е одлично за нашите срца.
3) Помош при губење на вишок килограми – Кога јадете авокадо, најверојатно ќе се чувствувате сити подолго време и затоа нема да бидете толку склони да јадете грицки или слатки подоцна. Истражувањата покажаа дека луѓето кои јадат оброци што вклучуваат најмалку пола авокадо, помалку јадат во целина. Тоа е затоа што тавокадото содржи здрави маснотии кои помагаат при одржување на нивото на инсулин и гликозата на стабилно ниво со производство на кетоген ефект, кој исто така го оптимизира метаболизмот.
4) Подобрување на видот – Лутеинот и зеаксантинот во авокадото помагаат да се зајакне и да се подобри вашиот вид, плус тие ги штитат очите од макуларна дегенерација.
5) Не содржи пестициди – Густата и груба кора која ја опфаќа меката содржина одвнатре, прави чуда за заштита од штетни пестициди, токсини и ѓубрива. Од сите достапни производи во продавниците за храна кои беа тестирани на остатоци од пестициди, авокадата се најчисти и само 1% од оние кои се тестирани покажале минимални траги од пестициди.Меката внатрешност на авокадото го прави да биде дел од многу рецепти, а со тоа и дел од многу јадења. Токму овој фактор помага да го вклучите авок


