Ако сте од оние жени кои внимателно ги следат промените во изгледот на градите, овој текст ќе ви помогне да дознаете дали тоа укажува на некој симптом за кој треба да се загрижите.-Ви почнува циклусот: Во тој период, градите се потечени. Ова може да биде вистинска нервоза, но е сосема нормално и не е причина за паника. Исто така, пилулите за контрацепција можат да го предизвикаат овој ефект.
-Бремена сте: На почетокот на бременоста се јавува чувство кое силно наликува на предменструалниот синдром, а веројатнста градите да ви пораснат исто така е голема.
-Ви треба нов градник: Ако вешот ве боде или имате непријатно чувство, слушајте си го телото кое ви кажува дека ви треба нов градник. Од суштинска важност е да имате правилен градник што ќе ви го подобри ставот, а и силуетата, а ќе спречи и болки и чешање.
-Треба да го исперете градникот: Не морате да го перете на рака, но сепак треба да го перете почесто. Носење на ист градник подолго време значи дека пот и бактерии ќе се насоберат во ткаенината, а тоа може да предизвика габични инфекции и и чешање и иритација на кожата.
-Сте ослабнале: Ако слабеете, прво се забележува во градите: Може драстично да се намалат, па дури и да се појават стрии. Затоа, мачкајте ги со креми.
-Јадете премногу сол: Задршката на течности се манифестира со потечен стомак и гради. Затоа, збогувајте се со чипсовите, и наместо тоа јадете здрава храна.
-Пиете премногу кафе: Внесувањето на премногу кофеин може да води до болки во градите, бидејќи кофеинот предизвикува ширење на крвните садови и води до она потечено, тешко чувство.
-Претерувате во теретана: Вашите гради нема да бидат одушевени ако вежбате без соодветен спортски градник и воопшто, ако вежбате пречесто. Една од три жени добива болки во градите од прекумерно вежбање, а шансите се поголеми кај жените со поголеми гради.
-Недостаток на железо: Железото е од суштинско значење за тироидната жлезда, која ги произведува хормоните што влијаат на растот и на метаболизмот. Еден од симптомите на недостаток на железо е и со болка во градите.
-Полицистични јајници: Синдромот на полицистични јајници вклучува неправилни менструации, појава на влакнатост, масна кожа, акни и дебелеење, но ако го имате и не знаете, може да ги послушате и вашите гради. Жените со овој синдром имаат зголемен ризик од задршка на течности, па така и градите потекуваат и болат.
-Рак на дојка: Колку сте помлада, толку помали се шансите за рак на дојка, но ракот е реална можност кај секоја жена. Затоа, ако забележите било каква промена во големината на градите, израсток или промени во кожата, веднаш посетете лекар. Раната дијагноза спасува живот.-Ви почнува циклусот: Во тој период, градите се потечени. Ова може да биде вистинска нервоза, но е сосема нормално и не е причина